Едукативна платформа на Пивара Скопје

Youth Empowered е едукативна платформа на Пивара Скопје, креирана со цел да им помогне на младите луѓе  да ги развијат своите лични и професионални вештини и да се подготват за успешен почеток на кариерата.

Преку програмата „Вештини за успех“, Пивара Скопје досега реализираше над 160 бесплатни обуки, достапни за сите млади кои сакаат да стекнат знаења во областа на претприемништво, комуникации, тимска работа, лидерство , проектен менаџмент,, знаења од областа на финансиите и деловното работење, ефикасно водење преговори и продажба, како и вештини за организација и ефективно управување со времето и ресурсите. Во период од 10 години низ бесплатните обуки поминаа над 10.686 млади, од нив над 50% основале свој бизнис или се вработиле една година по посета на обуката.

Инаку, програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира уште од 1997-ма година. За досега оставарените резултати на полето на деловната едукација и својот општествен придонес, Едукативниот центар на Пивара Скопје има добиено повеќе признанија меѓу кои и „Националната награда за општествено одговорни практики“ во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Целта на програмата

  • Да ги обучи младите со практични вештини за вработување или основање сопствен бизнис
  • Да ги подготви за реалниот пазар на труд
  • Да ги поврзе со ментори и професионалци од различни индустрии
  • Да создаде платформа за личен и професионален раст