БЕЗАЛКОХОЛНИ ГАЗИРАНИ ПИЈАЛАЦИ

„Меурчињата“ кои се карактеристични за газираните пијалаци во безалкохолни пијалаци се добиваат со метод на карбонизација која е иста како и природниот процес на создавање меурчиња во минерални и изворски води.

Нашето портфолио на безалкохолни газирани пијалаци постојано се развива и збогатува. Нудиме различни иновации и вкусови кои освежуваат и хидрираат.

НИСКОКАЛОРИЧНИ ПИЈАЛАЦИ

На консументите им нудиме широк избор на газирани безалкохолни пијалаци со малку или без шеќер во различни големини и пакувања, за да одговориме на различните потреби и животни навики.

Наши брендови

Coca-Cola

Coca-Cola e eдинствен вкус кој носи врвно уживање, инспирација и вистинско освежување за телото, умот и духот, ја покренува силата на оптимизмот и го прави секој миг магичен. Љубителите на Coca-Cola можат да се гордеат дека токму во Пивара Скопје, се произведуваат Coca-Cola пијалаци со највисок квалитет во светот.

Coca-Cola Zero

Единствен вкус кој носи врвно уживање, инспирација и вистинско освежување за телото, умот и духот, ја покренува силата на оптимизмот и го прави секој миг магичен.

Coca-Cola Cherry

Coca-Cola Cherry е вистинскиот избор за оние што се „жедни за нешто ново“ и бараат моментално освежување. Со својот автентичен Coca-Cola вкус, збогатен со неодолива нота на цреша, таа носи свежина и уникатно уживање.

Fanta Orange

Пенливите меурчиња носат моментално освежување и извонреден вкус. Фанта портокал содржи 100% природни вкусови и природен овошен сок.

Fanta Grape

Освежителен газиран пијалок со интензивен, сочен вкус на грозје – совршен за сите твои секојдневни моменти: дома, на работа, со омилената серија или во движење. Fanta Грозје носи експлозија на овошна арома и неодолива свежина што го крева расположението. Идеален за пауза или со твојата омилена ужина.

Fanta Shokata

Освежителен безалкохолен пијалок со вкус на лимон и бозел. Содржи шеќер и засладувачи. Малку калории.

Fanta Tropical

Свежина и тропски вкус.

Schweppes Bitter Lemon

Schweppes Bitter Lemon е совршен газиран пијалок создаден во 1957 година, наменет за оние што го ценат уникатниот вкус на зрелоста. Уживајте во неговиот освежителен карактер самостојно или комбинирајте го со вотка или џин за да создадете класични коктели.

Schweppes Bitter Lemon Zero

Освежителен безалкохолен пијалок со вкус на лимон кој пружа единствено и префинето искуство.

Schweppes Tangerine

Освежителен безалкохолен пијалок со вкус на мандарина. За некои тоа е овошно искуство, други ја сакаат неговата префинетост, а за искусните, едноставно е неодоливо.

Schweppes Tonic

Газиран пијалок, инспириран од оригиналната формула од 1870-тите. Интригантен и освежителен, со меурчиња и суптилен вкус на горчина што ги разбудува вашите сетила и нуди возбудливо искуство.

Уживајте во чист индиски тоник или комбинирајте го со вотка или џин за совршен класичен коктел.

Schweppes Tonic Zero

Освежителен безалкохолен пијалок со вкус на кинин.

Schweppes Pink Grapefruit

Освежителен безалкохолен пијалок со вкус на црвен цитрон и нане.

Sprite

Спрајт беше претставен во 1961 година како освежувачки лајм пијалак, кој брзо стана глобален фаворит благодарение на неговиот чист и освежувачки вкус. Овој бренд е избор на оние кои ги ценат автентичноста и свежината, а неговиот единствен вкус лемон-лајм го освежува духот и сетилата. Оние кои го пијат Спрајт се личности кои бараат јасност и едноставна свежина, секогаш подготвени за освежувачка перспектива.

Three Cents Tonic Water

Комбинација од изворска вода и природен кинин. Чиста и природна тоник вода. Со својата рафинирана горчина, станува неопходна состојка на џин и тоник со највисок квалитет.

Three Cents Aegean Tonic

Тоник направен од висококвалитетен кинин, краставица, цитрус и грчки зачини. Мирисот на Медитеранот во шише полно со меурчиња и природни ароми.

Three Cents Pink Grapefruit Soda

Дизајниран да биде состојка во оригиналниот коктел Палома. Во својата структура, го оживува уникатниот мирис на свеж грејпфрут.

Three Cents Mandarin & Bergamot Soda

Сода која ја отелотворува свежината и комплексноста на најуникатните медитерански цитруси во освежителен пијалок. Ги комбинира освежителните вкусови и ароми на бергамот и пикантна мандарина, заедно со други вкусни природни состојки и газирана вода.

Three Cents Ginger Beer

Направен со свеж ѓумбир, зачини и газирана изворска вода. Без вештачки бои и конзерванси, произведува фини, трајни меурчиња, идеални за коктели во стилот на муле.