Кафето е повеќе од напиток – тоа е ритуал што ги спојува луѓето. Со својот богат вкус и единствена арома, кафето нуди енергија за свеж почеток на денот или момент за уживање во секое време. Во нашето портфолио нудиме врвно италијанско кафе со традиција од повеќе од 140 години.

Наши брендови

Caffè Vergnano

Од 1882 година, Caffè Vergnano ја негува својата страст кон кафето, пренесувајќи го знаењето, искуството и семејните вредности низ генерациите. Приказната започнува, во регионот Пиемонт, Италија, каде Доменико Верњано го поставува темелот на семејниот бизнис.

Оттогаш, водени од почитта кон традицијата и стремежот кон квалитет, генерациите на семејството Верњано продолжуваат да ја развиваат културата на автентичното италијанско еспресо.

Квалитетот започнува со внимателен избор.

Caffè Vergnano избира кафе од 12 различни потекла, при што секое зрно се проценува со особено внимание кон неговите карактеристики и потенцијал. Преку внимателна селекција, искуство и постојана контрола, се создаваат мешавини со препознатлив карактер, арома и вкус.

Времето е клучна состојка во создавањето на совршеното кафе.

Следејќи го традиционалниот занаетчиски пристап, секое кафе се пече бавно и одделно, потекло по потекло, со процес приспособен на неговите природни карактеристики. Овој пристап овозможува да се развијат аромите и да се постигне посакуваниот баланс на вкус и интензитет. Затоа, секоја шолја Caffè Vergnano е резултат на знаење, трпение и внимание посветено на секој детаљ.

Дел од нашето 24/7 портфолио

Денес, Caffè Vergnano е дел од 24/7 портфолиото на Пивара Скопје, обединувајќи ја долгогодишната италијанска традиција со нашата посветеност кон квалитетот, партнерствата и потрошувачкото искуство. Заедно, ја негуваме идејата дека кафето е повеќе од секојдневен ритуал – тоа е можност да забавиме, да уживаме во моментот и да му дадеме вредност на времето што го споделуваме.

Дознајте повеќе на www.caffevergnano.com