Кафето е повеќе од напиток – тоа е ритуал што ги спојува луѓето. Со својот богат вкус и единствена арома, кафето нуди енергија за свеж почеток на денот или момент за уживање во секое време. Во нашето портфолио нудиме врвно италијанско кафе со традиција од повеќе од 140 години.

Наши брендови

Caffe Vergnano

Италијанскиот бренд Caffe Vergnano нуди вистинско премиум, висококвалитетно кафе кое го претставува италијанското наследство и автентичност. Оваа семејна компанија е најстарата пржилница за кафе во Италија. Историјата на брендот започнува во далечната 1882 година, а во моментов компанијата ја водат трета и четврта генерација од семејството Vergnano. Оваа семејна компанија, во која свои акции има и Coca-Cola HBC, сега успешно ги извезува своите производи во над 80 земји. Повеќе на www.caffevergnano.com