Скопско Weiss
Со спојување на традицијата и иновацијата настана првото македонско пченично пиво, создадено од страст, мајсторство и визија за нови пивски искуства. Скопско Weiss е симбол на современото пиварство со македонски потпис – спој на долгогодишното наследство на СКОПСКО и иновативниот дух на новата генерација пивари. Создадено од внимателно селектирани состојки – пченичен и јачменов слад, благороден хмељ и специјален квасец, Скопско Weiss се одликува со заматена златна боја, богата кремаста пена и комплексен, но питок вкус. Секоја голтка открива суптилни ноти на банана и каранфилче, преку суптилната горчливост, до скокотливата киселост на квасецот – баланс што го прави идеален избор за моменти на вистинско уживање. Пивото е нефилтрирано, што му дава природна заматеност и свежина, а неговиот карактер го издвојува како пиво за љубопитните истражувачи на вкусот, за урбаните хедонисти и сите кои сакаат автентично пивско доживување. Со СКОПСКО Weiss, Пивара Скопје отвора ново поглавје на домашната пивска сцена – пиво што може гордо да стои рамо до рамо со светските стандарди во својата категорија. Достапно во пакување од 0,5 л. стаклено шише и лименка, СКОПСКО Weiss ги слави моментите што вредат со вкус кој инспирира.