Премиум алкохолните пијалаци се важна категорија со која дополнително го прошируваме нашето 24/7 портфолио, нудејќи нови доживувања за нашите консументи.

Во категоријата на премиум алкохолни пијалаци, Пивара Скопје ги вклучува партнерствата со глобално признати брендови како The Edrington Group – со легендарните Macallan, Brugal и Highland, како и румовите од брендот Bacardi. Портфолиото се проширува и со Zlatna Rakija, премиум ракија која е во сопственост на Coca-Cola HBC групацијата, со што се зацврстува присуството на Пивара во сегментот на високо квалитетни и автентични алкохолни пијалаци.

 

 

Наши брендови

The Macallan 12 YO Triple Cask Single Malt Scotch Whisky

Од скромниот почеток во 1824 година, The Macallan прерасна од мал локален производител во глобална индустрија со бројни меѓународни признанија, пред се поради континуираната грижа за квалитет. Master blender-от и неговиот тим пробуваат илјадници примероци секоја година за да го зачуваат и направат уникатното Macallan виски познато низ целиот свет. Богатата палета на бои на Macallan вискито се добива само од созревањето во веќе споменатите врвни дабови
буриња. Како што и сугерира името, посебноста на овој извонреден Macallan виски е во
комбинацијата – блендот од три вида на буриња. Првите две – од европски и американски даб во кој претходно
лежело шери, а третото од американски даб во кое претходно лежел бурбон.

The Macallan 12 YO Double Cask Single Malt Scotch Whisky

The Macallan 12 Years Old Double Cask е дел од нашата ,,double cask” палета, која се спојува со класичниот стил на The Macallan и непогрешливата сладост на американскиот даб. Ова е целосно заоблен сингл малт во совршена рамнотежа, со вкусови на чоколадо, цитрус и мек зачин.

The Macallan 15 YO Double Cask Single Malt Scotch Whisky

The Macallan Double Cask 15 Years Old е избалансирано сингл малт виски, креирано со доведување до совршена хармонија на два дабови во едно исклучително сингл малт виски. Американски даб зачинет со шери додава деликатна ванила на суптилниот зачин на европскиот даб, давајќи виски со посладок, потопол вкус и карактер.

The Macallan 18 YO Double Cask Single Malt Scotch Whisky

The Macallan Double Cask 18 Years Old, претставува совршено избалансирано сингл малт виски, созреано 18 години во американски и во европски дабови буриња зачинети со шери. Американски даб зачинет со шери додава деликатна ванила на суптилниот зачин на европскиот даб, со што се добива виски со посладок, потопол вкус и карактер.

The Macallan 30 YO Double Cask Single Malt Scotch Whisky

Совршено избалансирано single-malt виски, зреено 30 години во европски и американски шери буриња. Шармантна комбинација ноти на тофи, саќе, ванила и црвени јаболки, со вкус карактеристичен на The Macallan протфолиото.

The Macallan Single Malt Rare Cask Scotch Whisky

Овој single-malt е создаден од ретките буриња на The Macallan за да има целосно природна боја на рубин махагонија дрво, интензивен сладок вкус на суво грозје.

Highland Park Single Malt 12YO Scotch Whisky

Highland Park e сингл малт виски кое доаѓа од крајниот север на Шкотска – Оркни островите. Highland Park е една од најстарите дестилерии и го негува традиционалниот начин на производство уште од 1789 година.Една од основните каратеристики на ова високо ценето и многу наградувано виски е димната арома, која доаѓа од процесот на сушење на сладената житарка со тресет – богат со ароми на ливадско цвеќе. Зреен во европски и американски дабови буриња во кои претходно имало шери.

Highland Park Single Malt 15YO Scotch Whisky

Интересно и комплексно виски, со длабока златна природна боја, добиена од дабовите буриња во коишто одлужува 15 години. Совршено ја балансира ароматичната топлина со освежувачки цитрусни ноти. Highland Park 15 е целосно посветен на контрасти исто како и животот на островите Оркни.

Highland Park Single Malt 18YO Scotch Whisky

Длабоко и интензивно овошно, но неверојатно мазно, Highland Park 18 е најнаградуваното (и најпосакувано) виски од портфолиото на Highland Park, и тоа со добра причина. Со природна светло-ќилибарна боја директно од дабовите буриња, ова е повеќеслојно виски со многу приказни, исто како и луѓето што го создаваат.

Brugal 1888 Premium Rum

Brugal се произведува единствено во Домениканската Република, а во производствениот процес се употребуваат изворни состојки од таа земја (вода, шеќерна трска, итн.). Најпродаван рум на Карибите, домашен автентичен изворен рум со висок квалитет. Многу популарен и високо квалитетен темен рум Brugal 1888 доаѓа од познатата домениканска дестилерија Brugal. На пазарот за прв пат е претставен во 2011 година, откако дестилеријата е преземена од страна на The Edrington Group. Настанат е врз основа на основа на искуство од пет генерации, долго дури 130 години, и набрзо станува мајсторски производ без кој денес не можат ни да се замислат некои коктели, посебно Old Fashioned и Manhattan. Brugal 1888 созрева двојно, прво во американски бурбон буриња, а потоа дополнително во дабови шери буриња со потекло од Шпанија, како би се додала арома на сушено овошје и лесна слаткост на вкусот. Она што го прави посебен не е само дизајнот на шишето, туку и вкусот кој донекаде потсетува на виски.

Bacardi Carta Blanca Rum

Во 1862 година, по 10 години усовршување на своите румови, Дон Факундо Бакарди Масо му го претстави на светот неговиот рум „Бакарди Супериор ‒ Карта Бланка“. Возвишен рум за коктели, не преовладува во однос на другите вкусови, ниту исчезнува кога се меша. Совршен е за класични рум-коктели како „мохито“. „Бакарди карта бланка“ е лесен и ароматично избалансиран рум. Суптилните ноти на бадеми и лимета се надополнети со ноти на ванила. Завршницата е сува, остра и чиста.

Bacardi Carta Oro Rum

Мајсторите на Де Рон Бакарди го прават „Bacardi Carta Oro“ со богати вкусови и златен тен во јагленисани дабови буриња. Која е тајната зад неговиот уникатен благ карактер? Мешавина од јаглен што им е позната само ним. Светлозлатен рум со мек вкус на даб. Нотите на сува ванила, корен од ѓумбир и тостиран бадем даваат сува и малку слатка завршница.

Bacardi Carta Negra Rum

Румот „Bacardi Carta Negra“ е црн рум, направен со страст од страна на мајсторите на Де Рон бакарди. Некои го нарекуваат и црна магија. Темна боја, богат и полн по вкус, црниот рум Бакарди дава впечатоци на тропско овошје и меласа, со зачадена завршница.

Bacardi Spiced Rum

Направен со зреен рум и со траги на зачадување од јагленисани американски дабови буриња, „Bacardi Spiced“ е рум без глутен измешан со природни вкусови и зачини за храбар, но мазен вкус. Течноста на румот „Bacardi Spiced“ има и лесни и длабоки ноти, поради што е совршен за мешање во најдобрите коктели со рум.

Bacardi Anejo Cuatro Rum

Мешавина од румови одлежани најмалку четири години под карипското сонце, „Bacardi Anejo Cuatro“ има уникатен вкус и мека, златна боја. Румот „Bacardi Anejo Cuatro“ може да се пофали со ноти на блага ванила, тостиран даб и мед од детелина. Неговиот профил е поттикнат од придонесот на дабот и ја истакнува мазноста преку стареењето со златна нијанса на кајсија.

Bacardi Reserva Ocho Rum

Инспириран од семеен рецепт од 1862 година, „Bacardi Reserva Ocho“ е познат како ,,семејната резерва”. Секоја серија е направена од специјален избор на зреени румови коишто одлежуваат минимум 8 години, давајќи му на румот префинет вкус со ноти на сливи, кајсија, морско оревче и ванила.

Bacardi Gran Resrva Diez Rum

Зреен во буре најмалку десет години под сонцето на Карибите. Потоа се филтрира низ јаглен за мазна завршница. „Bacardi Gran Reserva Diez“ е темно златен за кој рум вреди да се чека. Откријте светли ноти на зрнести овошја, банана и круша – избалансирани со карамелизирана ванила и даб.

Bombay Sapphire Gin

Нашиот светски познат џин во своето препознатливо сино шише. Секоја капка содржи 10 рачно избрани ботанички производи од егзотични локации низ светот. Откако рачно ќе ги избереме најдобрите ботанички производи на земјата, истите не се варат, туку наместо тоа, тие нежно се инфузираат на пареа за да се доловат нивните светли, живописни вкусови.

Bombay Sapphire Sunset Gin

Инфузиран со топли зачини и кора од горчлива шпанска мандарина, Bombay Sapphire Sunset е совршен џин за повторно поврзување и опуштање со пријателите, додека сонцето заоѓа, а денот станува ноќ.

Bombay Sapphire Premier Cru Gin

Откријте ги вкусовите на шпанските лимони фино, мандарини и слатките портокали навел од Мурсија, совршено доловени во мазен, свеж и ароматичен рачно изработен џин. Исклучителна течност која нуди бескрајни креативни можности.

Patron Silver Tequila

„Patron Silver“ е рачно изработена текила, од најдобрата 100% „вебер“ сина агава и истата внимателно се дестилира во мали серии во дестилеријата „Хациенда патрон“ во Халиско, Мексико за да се создаде нашата супер премиум текила, целосно природна без никакви додатоци.

Patron Reposado Tequila

„Patron Reposado“ е рачно изработенa од најдобрата 100% „вебер“ сина агава и е внимателно дестилирана во мали серии во дестилеријата „Хациенда Патрон“ во Халиско, Мексико. Потоа се остава да одлежи најмалку 4 месеци во буриња во кои претходно зреел бурбон, со цел да се создаде нашата ултра премиум текила без никакви додатоци.

Patron Anejo Tequila

„Patron Anejo“ е рачно изработена од најдобрата 100% „вебер“ сина агава и внимателно дестилирана во мали серии во дестилеријата „Хациенда патрон“ во Халиско, Мексико. Потоа се остава да одлежи најмалку 12 месеци во комбинација на буриња од француски даб, унгарски даб и екс бурбон, за да се создаде ултра премиум текила без никакви додатоци.

Patron El Cielo Tequila

Ултимативна ,,silver” текила. PATRÓN EL CIELO е првата четирикратно дестилирана ,,sliver” текила направена со користење на уникатен процес на дестилација кој ги открива суптилно слатките вкусови на агавата, додека, во исто време, се постигнува несомнено лесна, ултра-мазна завршница. Рачно изработена од најквалитетни состојки, текилата нуди неспоредлив вкус со секоја капка.

Patron El Alto Tequila

PATRÓN EL ALTO, премиум одлежана текила, изработена од највисококвалитетната 100% „вебер“ сина агава која се одгледува во највисоките делови на Халиско, Мексико, место каде што расте најслатката агава. Уникатната мешавина на PATRÓN Extra Añejo, Añejo и Reposado резултира со исклучителна текила со неодолив вкус.

Patron XO Cafe

Направен од најфините состојки, PATRÓN XO Cafe има мазна и кадифена текстура што воодушевува со секоја голтка. Направен со чудесната комбинација на PATRÓN Silver и природната есенција на фино кафе Арабика, овој необично силен пијалок е совршена рамнотежа помеѓу слатките и горчливите ноти, што го прави разновиден избор за пиење и мешање.

Camino Real Tequila Blanca

„Camino Real Blanca“ е мека текила, со лесен вкус, направена од посебен вид сина агава. Нашироко се смета за еден од најдобрите избори за шанкерите во правењето коктели.

Camino Real Tequila Gold

Текила со боја на амбер и специфичен благ вкус и арома на сина агава. Совршена за коктели со текила.

Martini Bianco Vermouth

Бел вермут кој има уникатна основа направена од бели вина, како „требијано“, коeшто е украсенo со екстракти од ароматични билки и цвеќиња. Направен со квалитетни состојки, овој сув бел вермут покажува богатство на вкус со меки ноти на ванила.

Martini Fiero Vermouth

Направен со 100% природна боја и вкус, „Martini Fiero“ е освежителен пијалак со низок процент на алкохол, со вкус на рачно исечени слатки шпански портокали од Мурсија, Шпанија. Секоја кора од портокал рачно се сече на долги ленти и се шири на ленени нишки коишто се сушат природно под шпанското сонце. Овој занаетчиски метод е макотрпен и притоа произведува мали количини, но ни овозможува да ги задржиме својствата на повеќето есенцијални масла содржани во лушпата.

Martini Rosso Vermouth

Оригиналниот „Мartini“, измислен и направен од страна на Луиџи Роси. Од сончевите денови од 1863 година, посветениот избор на регионални билки е во неговото срце, а природната карамела ја дава својата богата црвена нијанса. Икона на Италија. „Мартини росо вермут“ е создаден со тајна мешавина на вина и избор од 40 ботанички производи кои му даваат препознатлив сладок вкус, со суптилни нијанси на портокал и цитрус.

Martini Extra-Dry Vermouth

„Martini Extra-Dry“ е екстра сув бел вермут. Овој бел вермут ја доловува суштината на ретките кори од дрвја, билки и цитруси кои го сочинуваат тајниот рецепт, изработен со помош на рачно избрани ботанички производи од целиот свет. Направен со квалитетни состојки, овој вермут има светла завршница.

Martini Prosecco Sparkling Wine

Пенливото вино „Martini Prosecco“ доаѓа од околината на селото Просеко, каде што подножјето облеано од сонце е обложено со грозје од сортата глера. Созреана во идеална клима, глерата стигнува до нашето шише со стимулирачки мирис на свежо јаболко, круша и мед, со што претставува совршено надополнување на доброто друштво и дружбите со пријателите.

Martini Asti Sparkling Wine

„Martini Asti “ е пенливо вино со сладок мирис и ниска содржина на алкохол што секогаш овозможува слобода за уште една здравица. Ова слатко пенливо вино се произведува од ароматичното грозје москато бјанко одгледувано во уникатната клима на Асти во регионот Пиемонт во Италија. Направено со најквалитетни состојки, ова вино помага да се зближат пријателите и луѓето со својот опуштен, свеж, сладок вкус и пријатната арома.

Martini Rose Sparkling Wine

„Martini Rose“ е пенливо вино со ароми на мека дива роза којашто е надополнета со освежителните вкусови на суво овошје и цитрус. Ова розево вино се произведува од тајна мешавина на грозје, вклучувајќи ги ризлинг италијако и небиоло. Слаткото пенливо вино се одликува со пријатни ароматични свежи бобинки и нежни цветни ноти комбинирани со мала слаткост и избалансирана киселост.

Martini Riserva Speciale Bitter Premium

Горкиот ликер „Матрини Резерва Специале Битер“ е инспириран од оригиналниот рецепт од 1872 година и е направен со 100% природни состојки. Се карактеризира со три ретки ботанички состојки (шафран, ангостура и колумба), коишто даваат уникатно богатство и сложеност на неговиот профил. За да се осигуриме дека сите наши ароматични состојки се измешани и усогласени, нашиот „битер“ се става во традиционални пиемонтски буриња Тино.

Finlandia Classic

ФИНЛАНДИЈА КЛАСИК ‒ златниот фински јачмен и чистата глечерска изворска вода ѝ даваат на вотката сув, лесен и нежен вкус со дискретна арома.

Finlandia Cranberry

ФИНЛАНДИЈА БРУСНИЦА ‒ брусницата ѝ дава на вотката зачински нијанси на суво грозје, ѓумбир и ванила и траен вкус со топла арома на бибер.

Finlandia Blackcurrant

ФИНЛАНДИЈА ЦРНА РИБИЗЛА ‒ црната рибизла ѝ дава на вотката нежен, киселкав вкус, со нијанси на бибер и топлина којашто трае.

Finlandia Grapefruit

ФИНЛАНДИЈА ГРЕЈПФРУТ ‒ свежината на тукушто исцеден цитрон што го скокотка носот уште повеќе ја истакнува свежината на вотката.

Finlandia Lime

ФИНЛАНДИЈА ЛАЈМ ‒ цитрусната арома на лиметата се спојува со нежната блажина на медот и ѝ дава на вотката богат, топол карактер.

Finlandia Redberry

ФИНЛАНДИЈА ЦРВЕНА РИБИЗЛА ‒ во снежните шуми, рибизлите зреат на полноќното сонце. Вкусот на црвената рибизла му додава моќна арома на брусница, со нијанси на ванила, на нежниот, остар и чист вкус на вотката.

Finlandia Botanical Wildberry&Rose

ФИНЛАНДИЈА ДИВИ БОБИНКИ И РОЗА ‒ нежниот вкус на вотката Финландија се соединува со најдоброто од финската природа, во ботаничка комбинација од богатиот вкус на шумското овошје и опојниот мирис на розата.

Finlandia Botanical Cucumber&Mint

ФИНЛАНДИЈА КРАСТАВИЦА И НАНЕ ‒ нежниот вкус на вотката Финландија се соединува со најдоброто од финската природа, во ботаничка комбинација од свежа краставица и нијанса на нане.

GREY GOOSE® VODKA

Резултат на апсолутна решеност да се создаде француска вотка различна од која било друга. „Grey Goose“ е суштината на најдобрите состојки од Франција; мека зимска пченица од околината на Пикардија со чиста изворска вода од Генсак во регионот на Коњак, негувана од поле до шише во ексклузивен процес дизајниран и контролиран од извонредните вештини и посветеноста на нашиот мајстор Франсоа Тибо.

ZLATNA RAKIJA

ZLATNA е префинета и ароматична ракија со премиум квалитет. Произведена од свежи плодови на овошје. Ракијата ZLATNA се произведува на начин со којшто се чува традицијата, со желба заедно да уживаме во моментите кои значат – нашите златни моменти.

Компанијата – производител: MB Impeks е основана во 1996. година, во Бања Лука, Босна и Херцеговина, најпрво како скромен семеен бизнис, чија мисија е да го пренесе семејното наследство за производство на квалитетна ракија.

Во 2017. година Coca-Cola Hellenic Bottling Company станува сопственик на производите и брендот на ZLATNA Rakija и Zlatni Pelin, а од 2025. година почнува да се продава на пазарот во С. Македонија.

ZLATNA SLJIVA

Барикна ракија со премиум квалитет и префинет карактер. Во себе ги спојува најубавите ароми од зрели плодови на слива и дабови буриња во кои одлежува веднаш по процесот на  двојна дестилација. Пакувана во елегантно, проѕирно шише, содржи 40% алкохол. Идеално е да се сервира со сите видови на месо, зрело бело сирење, пршута и црни маслинки.

ZLATNA DUNJA

Ракија со висок квалитет, настаната од внимателно избрани плодови од дуња. Со кристално бистра боја, пакувана во елегантно, проѕирно, стаклено шише. Нуди ненадминлив спој на благ, слаткаст мирис и префинет, полн вкус на зрели дуњи. Со секоја голтка сте поблиску до природата. Содржи 40% алкохол. Идеално е да се сервира со меки и тврди бели сирења, пилешко бело месо и печено свинско месо.

ZLATNA VILJAMOVKA

Квалитетна овошна ракија која има полн вкус, мирис и свежина на зрел, сладок плод на круша. Се добива со процесот на ферментација и дестилација во бакарни казани, на традиционален начин.

Содржи 40% алкохол.

Идеално е да се сервира заедно  со традиционални специјалитети – како што се јагнешки котлети и свински маринирани ребра.

ZLATNA KAJSIJA

Врвна овошна ракија, настаната од внимателно избрани плодови на кајсија. Искуството, традицијата и знаењето на мајсторите кои ја печат, се преточени во премиум ракија со кристално бистра боја, со исклучителни ароми и богат вкус. Содржи 40% алкохол.

Идеално е да се сервира со сирења, пршута и суви кајсии.

Zlatni Pelin

ZLATNI PELIN е ликер препознатлив по изразениот горчлив вкус на билката пелин, од која се ослободуваат ароматични својства со помош на повеќемесечно одлежување. За да се добие полн вкус, во шишето на ZLATNI PELIN се додава гранка на пелин.

Содржи 28% алкохол. Идеално е да се служи пред оброк, како аперитив или по оброк, како дигестив, а може да биде и додаток на освежителни коктели.

Одличен е во комбинација со лед и парче лимон.

Најдоброто од природата ќе го најдете во нашето шише на ZLATNI PELIN.