Комбинација од најквалитетни состојки, многу љубов и повеќе од 100 години традиција… Тоа е СКОПСКО! Еден од најсилните македонски брендови, дефинитивно наjголем пивски бренд во земјава. СКОПСКО е синоним за квалитет, постојаност, традиција, доверба и уникатност.

Кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО. Така е повеќе еден век. СКОПСКО со златно-жолта боја и цврста бела пена за прерасна во вистински синоним за пиво за потрошувачите. И тоа не е случајно. Тоа е резултат на макотрпна работа на генерации вработени во Пивара Скопје и нивната упорност во градењето на брендот кој го носи епитетот „најдоброто пиво во Македонија“.

Но, СКОПСКО не е само традиција. За да се одржи највисоката позиција на пазарот, неопходно е да се задржи највисокото ниво на квалитет, да се биде во чекор со предизвиците на модерното време и со барањата на новите генерации потрошувачи, но и да се креираат нови потреби кај потрошувачите, додека истовремено се  одржува стекнатата доверба кај оние кои со децении се навикнати на уникатниот вкус, свежина и задоволство што го нуди СКОПСКО.

Едноставно – кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО.

Наши брендови

Скопско

Кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО. Така е речиси девет децении. СКОПСКО со златно-жолта боја и цврста бела пена за потрошувачите прерасна во вистински синоним за пиво. И тоа не е случајно. Тоа е резултат на макотрпна работа на генерации вработени во Пивара Скопје и нивната упорност во градењето на брендот кој го носи епитетот „Најдоброто пиво во Македонија“. Но, СКОПСКО не е само традиција. За да се одржи највисоката позиција на пазарот, неопходно е задржување на највисокото ниво на квалитет, следење во чекор на предизвиците на модерното време и на барањата на новите генерации потрошувачи, како и креирање на нови потреби, но истовремено и одржување на стекнатата доверба кај оние кои со децении се навикнати на уникатниот вкус, свежина и задоволство што го нуди СКОПСКО. Според независни истражувања, речиси и да нема македонски граѓанин што не слушнал или не знае што претставува СКОПСКО! Речиси и да не постои полнолетен граѓанин што не го пробал СКОПСКО! Во Македонија – кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО.

Скопско Smooth

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија кое e произведено по најнова технологија на ладна филтрација од 100% арома хмељ – резултат на стогодишната иновација на Пивара Скопје во усовршување на производствениот процес. Со ладна филтрација се избегнува процесот на пастеризација, што овозможува Скопско Smooth да остане свежо како да е штотуку наточено. Скопско Smooth е светло пиво со мазен рафиниран и освежувачки вкус, 4.5% алкохол и 120 дена рок. Тоа го прави најсвежото пиво на пазарот.

Скопско Weiss

Со спојување на традицијата и иновацијата настана првото македонско пченично пиво, создадено од страст, мајсторство и визија за нови пивски искуства. Скопско Weiss е симбол на современото пиварство со македонски потпис – спој на долгогодишното наследство на СКОПСКО и иновативниот дух на новата генерација пивари. Создадено од внимателно селектирани состојки – пченичен и јачменов слад, благороден хмељ и специјален квасец, Скопско Weiss се одликува со заматена златна боја, богата кремаста пена и комплексен, но питок вкус. Секоја голтка открива суптилни ноти на банана и каранфилче, преку суптилната горчливост, до скокотливата киселост на квасецот – баланс што го прави идеален избор за моменти на вистинско уживање. Пивото е нефилтрирано, што му дава природна заматеност и свежина, а неговиот карактер го издвојува како пиво за љубопитните истражувачи на вкусот, за урбаните хедонисти и сите кои сакаат автентично пивско доживување. Со СКОПСКО Weiss, Пивара Скопје отвора ново поглавје на домашната пивска сцена – пиво што може гордо да стои рамо до рамо со светските стандарди во својата категорија. Достапно во пакување од 0,5 л. стаклено шише и лименкаСКОПСКО Weiss ги слави моментите што вредат со вкус кој инспирира.

Скопско Radler

СКОПСКО Радлер е мешавина на најквалитетното пиво кај нас и сок од лимон кој ја гаси жедта и делува неверојатно освежувачки. Создаден е за активни млади луѓе кои се во потрага по совршено освежување. Освежителен безалкохолен пијалак 60% (вода, фруктоза, сок од лимон (3,0%), сок од портокал (0.5%), екстракт од портокал, јаглероден диоксид, стабилизатори: гума арабика, палмино масло, и каруба гума, природна арома на лимон, антиоксиданс: аскорбинска киселина); светло пиво 40% (вода, јачменов слад, несладувани житарки, хмељ).

Heineken

Секогаш препознатливо зелено шише, црвена ѕвезда, насмеано ”e” како поздрав за добредојде од најблискиот пријател, добро изладено, свежо и со висок квалитет – Heineken уште од 1873.
Високиот квалитет на пивото е постигнат со најдобрите природни состојки во комбинација со традиционалното пивско мајсторство и модерната технологија. Во срцето на успехот на Хајнекен се наоѓаат чисти, природни состојки: јачменов слад, вода, хмељ, и мал но значаен таканаречен екстра А-квасец, одговорен за богатиот избалансиран вкус и суптилните овошни ноти што го разликуваат секој Хајнекен уште од 19 век. Со текот на годините, главните пивски мајстори продолжиле да го усовршуваат својот занает. Откриле дека ферментирањето на Хајнекен пивото во хоризонтални резервоари наместо во индустриската стандардна вертикала создава совршен притисок за А-квасецот. Токму ова му дава на Хајнекен свој карактеристичен избалансиран, богат вкус. Исто така, за да се подготви убаво, златно-жолто пиво потребни се 28 дена, што е многу подолго од просекот. Но пивските мајстори во Хајнекен претпочитаат трпеливост пред да ризикуваат на квалитет.

Heineken 0.0

После долгогодишно внимателно истражување и користење на најсовремените методи во производство на пиво, тимот на врвни стручњаци од Хајнекен го создаде рецептот на првото безалкохолно пиво Heineken 0.0, со својот препознатлив Heineken вкус од 100% природни состојки и со само 21 калорија на 100ml. Heineken 0.0 е направен од единствениот А-квасец и најквалитетните состојки кои го прават препознатливиот вкус на Heineken уште од 1873 годинa.

Amstel

Amstel е исклучително питко пиво со интензивна златна боја и богат вкус на хмељ, што му дава уникатен и впечатлив вкус, особено препознаен и ценет од страна на вистинските познавачи на пивото. Поради својот препознатлив вкус, Амстел со текот на годините успеа да стекне популарност далеку од границите на земјата на своето потекло – Холандија. Преку специфичниот процес на производство постигната е совршена рамнотежа на вкус и освежување, која прави Амстел да биде питко пиво, со богата арома на хмељ и со посебен карактер.

Birra Moretti

Birra Moretti е италијанско пиво со традиционален рецепт од далечната 1859 година. Олицетворение на италијанскиот начин на живот, Birra Moretti е совршен избор за сите оние кои сакаат да го поминат своето време на најдобар начин, уживајќи во скапоцените моменти со семејството и пријателите. Произведено од најквалитетни состојки, со посебна комбинација на високо квалитетен хмељ кој го создава идеалниот горчлив вкус, Birra Moretti совршено ќе го надополни вкусот на вашиот омилен италијански специјалитет. За оние кои уживаат во малите животни задоволства! Бира Морети е најдоброто италјанско пиво чиј процес на производство е непроменет од 1859 година. Произведено од најквалитетни состојки кои му даваат уникатен вкус и арома, и совршено балансирана горчина. Неговата прекрасна златна боја е резултат на најквалитетниот слад кој се користи во производството на ова питко и свежо пиво со 4,6% алкохол.

Горско

Кога ќе се спомене пивото Горско, веднаш се добива асоцијација на природа, освежување и чистота – нешта кои се најважни кога станува збор за вкусот на пивото. Горско e пиво кое ги слави и обединува сите оние коишто знаат да го живеат животот на свој начин. Носечката порака „твое пиво, твој начин“ е инспирирана од инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.Направено од природни состојки, произведено од Пивара Скопје.

Sol

Родено на едно сончево место, со мексиканска позитивност, именувано по сонцето и создадено со сончева енергија.
Транспарентно пакување – нема што да се скрие!
Освежително, лесно за пиење, златно пиво со лесен вкус и ниска горчина.
„Ја надополнува мојата позитивност и ми ја обновува самодовербата“.

Зајечарско

Зајечарско светло пиво – со 129 години традиција, е симбол на квалитет и вкус што трае. Омилено пиво во Србија и регионот, познато по својата златна боја, освежителен вкус и препознатлива горчина.

Со својата црвена етикета, кирилицата, ретро шише и автентичен карактер, Зајечарско ја негува традицијата и вистинските вредности.

 Секогаш кога се слави, се наздравува, се обележуваат важни моменти или се дружите со пријатели — Зајечарско е секогаш тука за вас!