Стратегија за раст
Со цел да ја реализираме нашата визија, во 2019 година ја воведовме стратегијата „Приказна за раст 2025“
Во нашата компаниска стратегија се вградени вредности што се темел на нашата развојно ориентирана деловна култура, заснована на амбициозни цели и постојан напредок. Планот за исполнување на нашата визија се темели на јасно препознаени можности, кои ќе ни помогнат да го поттикнеме растот и да создадеме вредност – не само за компанијата, туку и за нашите вработени, заедницата и партнерите.
Стратегијата на Пивара Скопје е заснована на четири клучни столба: нашето диверзифицирано портфолио на брендови и производи, партнерскиот однос и заедничкото делување со купувачите, грижата за заедницата што ја покажуваме преку конкретни дела, и најважното – грижата за нашите вработени, нашата „тајна состојка“.
Нашите вредности го отсликуваат она во што веруваме, ги засилуваат нашите предности и укажуваат на областите каде што имаме простор за понатамошен развој.