Академија за Продажба

Преку Пивара Sales Academy, ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини, а со тоа и да го забрзате вашиот кариерен развој. Ние веруваме во потенцијалот на нашите луѓе и нудиме јасни основи за раст и напредок.

Што ве прави успешен Унапредувач на пазарот (Business Developer) ?
  • Ако сакате теренска работа а не канцеларија
  • Работата ја работите со страст
  • Имате постојана желба за учење и професионален развој
Водени од резултати

Сакате предизвици и поставувате амбициозни цели. Верувате дека преку постојано надминување на себе си – најбрзо се расте.

Ориентирани кон купувачите и тимската соработка

Градите искрен однос со купувачите и колегите. Уживате во соработка и верувате дека заедно се победува полесно.

Флексибилни

Се прилагодувате брзо, решавате проблеми во движење и секој ден го гледате како нова можност за успех или учење.

Licence To Lead

Пивара Скопје во континуитет вложува во развојот на својата продажна сила. Визијата за 24/7 партнер за пијалаци подразбира дека секогаш сме агилни кога станува збор за новите трендови и потребите на нашите купувачи. Ова е една од најважните стратешки заложби на компанијата, а за таа цел потребно е да имаме постојан раст и развој на нашата продажна сила која се одвива преку сеопфатната Академија за продажба.

Една од наставните програми во рамки на академијата е и програмата Licence2Lead (Лиценца за водење), која всушност е и највисоката лиценца со која можат да се стекнат унапредувачите на пазарот. Преку успешно поминување на оваа програма, тие не само што дополнително ги зајакнуваат нивните продажни вештини, туку стануваат и експерти во нивната област. Секој што ќе се стекне со оваа едногодишна лиценца има можност да биде дел од најтесниот избор за понатамошен развој преку програма Regional BD development и Fast Forward 1, која отвора нови перспективи за кариерен напредок.

За еден унапредувач на пазарот да се стекне со Лиценца за водење, потребно е да демонстрира одличен перформанс од месец во месец и експертско познавање на материјата. Во продолжение ве запознаваме со четворица унапредувачи на пазарот кои годинава ја добија оваа лиценца, и го споделија нивното искуство, нивните очекувања и кои дополнителни вештини ги развија за време на програмата:

Работа на терен - тоа е срцето на нашиот бизнис

Погледнете како изгледа еден работен ден на нашата колешка Јованка, Унапредувач на пазарот во Пивара Скопје, во сегментот Фрагментирана продажба.

Запознајте ги нашите луѓе