Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Водечкиот глобален стандард за одржливост во бизнисот – „Дау Џонс индекс за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Index) ја прогласи Coca–Cola HBC Групацијата за најодржлива компанија за безалкохолни пијалаци во Европа за 2020 година.
Со ова, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC Групацијата, по седми пат во последните осум години, го освојуваат првото место во европската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој.
Истовремено, 10-та година по ред Coca-Cola HBC Групацијата е рангирана меѓу трите најдобри компании за безалкохолни пијалаци во светот, освојувајќи го второто место на глобално ниво.
Коментирајќи го најновото постигнување, извршниот директор на Coca–Cola HBC, Зоран Богдановиќ рече: „Ковид-19 пандемијата нè приближи повеќе од кога било досега до нашите заедници и за нас останува да биде привилегија тоа што им служиме и ги поддржуваме. Затоа, јас сум особено горд на тоа што и оваа година, повторно е препознаена посветеноста на нашите луѓе и партнери во градењето позитивно социјално и еколошко влијание. Тоа е заложба која е составен дел на нашиот раст во иднина и нешто што никогаш нема да се промени. Да останеме скромни пред предизвиците и да знаеме дека ни претстои долго патување, тоа ќе бидат двата клучни елементи за нашиот континуиран успех“.
И во текот на оваа година Пивара Скопје продолжи со реализација на заложбите за заштита на животната средина и одржлив развој, меѓу кои се и оние што овозможуваат заштеда на вода и енергија во процесот на производство, како и намалување на тежината на пакувањата со што се намалува нивното влијание врз животната средина. Паралелно со овие активности, Пивара Скопје, заедно со Coca-Cola Фондацијата, обезбеди донација од неопходни материјали за најголемиот Ковид-центар во земјата, како и пијалаци за клучниот персонал кој е ангажиран во борбата против Ковид-19, а заедно со Црвениот крст активираше и мобилни тимови за поддршка на ранливите категории граѓани. Во текот на 2020, Пивара Скопје продолжи и со реализацијата на бесплатната програма за обука на млади „Вештини за успех“, како дел од платформата #YouthEmpowered.
„Горди сме што како членка на Coca-Cola HBC Групацијата и оваа година, во која сите ние се соочуваме со огромни предизвици што ги донесе Ковид-19, придонесовме нашата корпорација одново да го потврди своето глобално лидерство во одржливиот развој. Продолживме да работиме на одржување на највисок квалитет на нашите производи, како и на заштитата на животната средина, каде самостојно, но и преку партнерство со Пакомак, НВО секторот, општините и владата континуирано го унапредуваме системот за управување со отпадот од пакување. Истовремено сме тука и за нашите вработени, купувачи, потрошувачи и сите оние во заедницата што се погодени со оваа криза, нудејќи им ја нашата поддршка и помош. Не ги заборавивме и младите, на кои продолживме да им обезбедуваме бесплатни онлајн обуки со кои им помагаме да стекнат нови бизнис и животни вештини и со тоа да ги зголемат шансите за вработување по завршување на кризата. Убеден сум дека на ваков начин сите заедно ќе излеземе од оваа криза многу посилни“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.
Значајни постигнувања во одржливиот развој на Coca–Cola HBC Групацијата
Мисијата на Coca–Cola HBC за одржлив развој
Во септември 2018 година Coca-Cola HBC ги објави сопствените заложби за одржлив развој до 2025 година, опфаќајќи шест клучни области: Намалување на емисиите; Употреба и управување со водените ресурси; Постигнување „Свет без отпад“; Набавка на суровини; Хранливи состојки; и Нашите луѓе и заедниците. Целосните заложби можат да се видат тука. Веќе е постигнат добар напредок и Групацијата е на добар пат да ги исполни дефинираните заложби.