Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, минатата година реализиравме инвестиција од 10,7 милиони евра во опрема со најсовремена технологија, која ја вклучуваше и новата линија за производство на безалкохолни пијалаци.
Освен што на овој начин ги зајакнавме нашите производни капацитети, ги унапредивме и вештините на нашите луѓе во производството, го олеснивме процесот на работа преку најнова генерација роботизирани технологии со кои се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, и ја зголемивме безбедноста на работното место. Дополнително, поагилно ги следиме трендовите на пазарот и поуспешно ги задоволуваме потребите на нашите купувачи и потрошувачи.
Чест ни е кога нашите напори се препознаени и од надвор, и со големо задоволство ја примивме наградата за воведување напредни технологии која ја доделува Стопанската комора. Наградата му беше врачена на нашиот директор на ланецот за снабдување – Горан Стојковски, кој истакна дека Пивара Скопје и понатаму ќе продолжи да инвестира во напредни технологии и да ја остварува долгорочната стратегија за одржлив развој што придонесува за намалување на емисиите на CO2, енергетска ефикасност, управување со водата и намалување на тежината и рециклирање на материјалите за пакување, додека континуирано испорачуваме врвен квалитет на сите наши производи кон купувачите и потрошувачите.
Сите досегашни напори и вложувања на Пивара Скопје во нови технологии истовремено претставува гаранција дека компанијата во својата работа целосно и во континуитет продолжува да ги применува највисоките стандарди во оваа област предвидени со европската легислатива и домашното законодавство, почнувајќи од изборот на суровини, преку контролата на процесот на производство, дистрибуција и продажба, па сè до управувањето со амбалажата.
За предводничката улога и евидентните резултати во доменот на заштита на животната средина и одржливиот развој, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC, шест години по ред го освојуваат првото место во европската и светската индустрија за пијалаци, во рангирањето кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices – DJSI), водечкиот глобален стандард за одржливост во бизнисот.