Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Во Пивара Скопје, грижата за благосостојбата на вработените не е само дел од корпоративната политика, туку суштинска вредност што се практикува секојдневно. Од флексибилно работно време, менторство и програми за ментално здравје, до поддршка на волонтерски активности и јасна патека за кариерен раст – секој бенефит е одраз на реалните потреби на тимот.
Во разговор со Лидија Ивановска – Менаџер за систем на наградување и бенефиции, дознаваме како овие практики изгледаат во реалноста, зошто е важно да се слушаат луѓето одвнатре и како грижата за поединецот создава чувство на припадност, заедничка одговорност и тим што расте и победува заедно.
1. Како ги прилагодувате вашите начини на наградување и грижа за вработените, за да ги поддржите и луѓето во производството, на терен и оние што работат во канцеларија, особено во брзата и променлива FMCG индустрија?
Нашата компанија обезбедува еднакви бенефиции за сите вработени, без оглед на нивната локација. Преку транспарентна и унифицирана стратегија, осигуруваме дека секој вработен да има пристап до истите ресурси и можности, без разлика дали работи во управната зграда, на пазар/терен или во производствените погони. Истовремено, се трудиме да имаме бенефиции кои ќе бидат прилагодени на различните старосни групи на вработени, различните фази од животот на вработените, различни фази од кариерата на вработените и различните потреби итн.
Бенефициите играат клучна улога во задоволството и задржувањето на вработените. Истражувањата покажуваат дека компаниите што нудат флексибилни бенефиции имаат повисока стапка на ангажираност и лојалност кај вработените.
2. Кои иновации или трендови во бенефициите за вработените сметаш дека се највлијателни во FMCG секторот?
Ги следиме сите трендови во делот на бенефиции и благосостојба на вработените преку истражувања на пазарот и преку групациските центри на експертиза, кои ни обезбедуваат идеи и концепти за бенефиции кои се согласно потребите на нашите вработени и согласно индустријата. Но за нас валиден и релевантен извор на информации и потреби во делот на бенефиции и благосостојба, се нашите вработени. Сакаме да ги слушаме директно нивните потреби, поминувајќи време со нив на терен, во погон, на редовни состаноци и така обезбедуваме информација за бенефиции и погодности кои одговараат на нивните потреби.
3. На кој начин се интегрира менталната здравствена заштита и психолошката сигурност во пошироката стратегија за благосостојба на вработените?
Интеграцијата на менталната здравствена заштита и психолошката сигурност во стратегијата за благосостојба на вработените се постигнува преку неколку клучни пристапи:
4. Со промените во очекувањата на работната сила, како обезбедувате пакетот бенефиции што ги нуди Пивара Скопје да бидат привлечни и корисни, особено за младите со оглед на тоа што нивните очекувања постојано се менуваат?
Младите генерации, особено Gen Z се следната генерација на работна сила, која е во постојано очекување на промени и прагматичен пристап кон работата.
Со цел да останеме релевантни и атрактивни за тие генерации, постојано го следиме развојот на трендовите и преференците на младите вработени. Спроведуваме истражувања за да ги разбереме нивните очекувања, приоритети и вредности – како што се флексибилноста, грижата за физичкото и менталното здравје, можностите за професионален развој и балансот меѓу работата и приватниот живот.
Врз основа на овие сознанија, нашиот пакет на бенефиции е дизајниран да понуди повеќе од класичните придобивки. Тој вклучува флексибилно работно време и работа од далечина, програми за физичко и ментално здравје, поддршка за волонтерски активности, менторство, обуки и јасна патека за кариерен развој. Исто така, ја негуваме културата на инклузија и отворена комуникација, што е клучно за младите вработени кои сакаат да се чувствуваат вреднувани и слушнати.
Остануваме отворени за различни иновативни бенефиции, со цел да се адаптираме на очекувањата, бидејќи Gen Z се со една нога во иднината, а на нас работодавците останува да го следиме тој нивен чекор.
5. Како програмите за награди и благосостојба ги одразуваат вредностите и културата на компанијата, и на кој начин тие иницијативи ја зајакнуваат културата?
Програмите за награди и благосостојба се силен одраз на нашите организациски вредности – „Купувачот на прво место“, „Ние пред Јас“, „Одржливост“ и „Едноставност“. Тие не само што ги препознаваат поединците што ги живеат овие вредности во секојдневната работа, туку и активно ги поттикнуваат тие однесувања кај целиот тим.
На пример, преку системите за признанија и наградување, ги истакнуваме оние вработени кои демонстрираат исклучителна грижа за купувачите, кои соработуваат тимски и секогаш го ставаат тимот пред личниот интерес, или кои придонеле за поедноставување на процеси со иновативни и ефективни решенија.
Програмите за благосостојба, пак, промовираат колективна грижа – не само за индивидуалната благосостојба, туку и за тимската поврзаност и поддршка. Тоа ја поттикнува културата на „Ние пред Јас“ и создава чувство на припадност и заедничка одговорност.
Со тоа што овие иницијативи се директно поврзани со нашите вредности, тие не се само дополнителни бенефити, туку алатки за зацврстување на културата што сакаме да ја градиме – култура ориентирана кон луѓето, едноставност и заедништво.