Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Од студентски клупи до менаџерска позиција во Пивара Скопје.
Мирослава Манасиева ни раскажува за нејзината кариерна приказна во нашата компанија и предизвиците со кои се соочува во текот на нејзиниот работен ден, како Менаџер за производство на пиво и контрола на квалитет.
Вистина, јас директно од студентските клупи дојдов во Пивара Скопје. Навистина беше огромно искуство и задоволство да ја започнам мојата кариера и понатаму да се развивам во оваа компанија. Започнав во тимот на контрола на квалитет на пиво, како хемиски инжинер, моите први сеќавања од почетоците се позитивна култура и посветеност на вработените, убаво е чуството да се биде дел од семејството Пиварци. Во тимот постоеше комбинација од поискусни колеги и оние кои почнуваа да ја градат својата кариера и секој на свој начин го пренесуваше своето знаење. Токму таа комбинација од различни возрасти и искуства ми дозволи брзо и ефикасно да се вклопам во тимот, да ги разберам процесите во детали и да започнам да придонесувам со целото мое знаење за развивање на самиот тим. Имам навистина прекрасни сеќавања од моите почетоци.
Без сомнение, можам да кажам дека да се биде дел од тим кој неумерно работи на воведување нови пивски производи на нашиот пазар секогаш е огромен предизвик. Тимската соработка, енергијата на тимот, предизвиците со кои се соочувавме додека се развиваше секоја рецептура, дефинирањето на точните процеси и добивањето на саканите параметри беше вистински предизвик. Неизвесноста преовладуваше и го следеше целиот процес до самиот крај, односно производство на прво шише од саканиот бренд. Ова за мене беше големо искуство, како професионално, така и приватно. Тие периоди ме охрабрија да си поставувам предизвици и постојано да се движам напред.
Една од работите кои навистина ги почитувам во Пивара Скопје е можноста за нови кариерни предизвици и можноста за учење во рамки на нашите Групации Coca Cola Hellenic и Heineken. Heineken Хрватска пред сè беше прекрасно искуство, но и предизвик во секој поглед. Од една страна ова беше период во кој светот беше пос силно влијание на Ковид-19, патувањата и движењето беше строго контролирано и ограничено, а пак од друга страна за прв пат се соочив со менаџерска и одговорна позиција со комлетно нов тим, надвор од Пивара Скопје.
Во Heineken Хрватска се запознав со нова средина, нова култура и колеги и за мене уште понови брендови на пиво. Релативно брзо успеав да се вклопам во таа нова средина. Најголем впечаток ми остави нивната тимска соработка и несебичната помош во секојдневните активности. Секако и моето претходно искуство ми помогна да стекнам авторитет и доверба, па така предлозите кои доаѓаа од мене во делот на подобрувањата и мојот пристап кон решавање на проблемите беше доста позитивно прифатен од тамошните колеги. Слободно можам да кажам, дека оваа развојна задача ми донесе можност за личен развој, но и искрени пријателства за цел живот.
Од досегашното искуство, би кажала дека комуникацијата со тимот е најважна за успех. Па од таму, работниот ден започнува со краток состанок со членовите на мојот тим преку кој се разгледуваат тековните процеси и се дефинираат дневните приоритети. Тоа е многу битен дел за секој во тимот да биде координиран и дадобие конкретна задача и цел на која треба да биде посветен во текот на работното време. Предизвикувачка е самата позиција и одговорноста што истата ја носи, а тоа е секогаш да обезбедиме квалитетен и навремен производ за нашите купувачи.
Мислам дека кога би издвоила што ми претставува најголемо задоволство тоа секако е мојот тим, како и ентузијазмот со кој секојдневно се справуваме со сите предизвици.
Можам со сигурност да кажам, дека за сите нас задоволството на нашите купувачи е она што е најважно и е секогаш на прво место. Двигател за успех се секако позитивните коментари за квалитетот на производите или за иноваците кои сме ги лансирале, а кои доаѓаат од страна на крајните консументи, од таму доаѓа мотивација за уште поголема посветеност при производство на нашите брендови и развивање на нашето пивско портфолио.
Тргнувајќи од моето лично искуство, можам да кажам дека успехот доаѓа со посветеноста и постојаното учење, адаптирање на промени но исто така и преку изнаоѓање на нови начини да се надминат предизвиците.
Едноставно кажано, никогаш да не си во комфорна зона.
На ова прашање би рекла дека е можеби најтешко да се даде одговор. Да се биде дел од Пиварци пред се е ОДГОВОРНОСТ: