Ние и заедницата

ОХРИДСКО ЛЕТО

Фестивалот „Охридско лето“ секоја година ги собира најславните имиња од светската култура, музика и театар. Повеќе од 35 години Пивара Скопје гордо ја поддржува една од најреномираните културни манифестации во земјава. Заедно ги славиме и чуваме културата, уметноста и традицијата затоа што споделуваме иста верба во силата на моментите, на заедничкото искуство и на културата што нè поврзува. Го поддржуваме фестивалот затоа што токму овде се среќаваат традицијата, уметноста и современиот дух, вредности што се совршено усогласени со нашата општествена и одржлива мисија.

Поврзани вести