Пивара Скопје повеќе од четири децении има неверојатно долготрајно и искрено партнерство со Ракометната Федерација на Македонија. Над 40 години посветено го поддржуваме спортот што не обединува во моменти на најголема национална радост. Сите овие години, брендот Скопско не е само спонзор, туку верен соиграч, стоејќи покрај репрезентацијата, инспирирајќи ги навивачите и создавајќи чувство за заедништво и гордост.
За нас, ова партнерство е повеќе од лого на дрес, тоа е потсетник дека Пивара Скопје ги живее вредностите на тимската работа, страста, посветеноста и поддршката на најдобрите таленти од нашата земја.