Ние и заедницата

ПЛАЗМА И РОСА ЗА ПРВАЧИЊАТА

Партнерството на Пивара Скопје со брендот Роса и компанијата Бамби и брендот Плазма, од септември 2025 година создава една топла приказна која ги обедини маркетите на Веро, Тинекс, Жито, Кит-Го, Фреш Стор и Рамстор и дистрибутерот Кола, во акција која е посветена на првачињата и нивните семејства и ја слави радоста на првиот училиштен ден.

Во периодот од 1 до 15 септември родителите можеа во маркетите да подигнат подарок пакетче со Роса и Плазма производи за своето дете кое го започнува школувањето. Акцијата е регионална и со план да се реализира секоја година.

Нашиот бренд Роса веќе е препознаен како поддршка за семејствата во значајни моменти кога се создаваат спомени, се гради самодоверба и се почнуваат нови животни приказни. Ваквите партнерства и акции ја покажуваат нашата верба во идните генерации и спремноста да бидеме тука на секој чекор од нивниот развој.

Поврзани вести