Ние и заедницата

РОСА ШКОЛИ ЗА ДОЕЊЕ И РОДИТЕЛСТВО

Затоа што родителството не доаѓа со упатство, а секое новороденче носи радост и надеж но и илјадници прашања за родителите, од 2018 година во партнерство со Министерство за здравство создаваме топол и сигурен простор каде секое прашање е добредојдено и каде секој родител ја добива поддршката што ја заслужува.

Во рамки на оваа инцијатива на брендот Роса, отворени се девет „Роса школи за родителство“ и  осум „Роса школи за доење“ чија цел е обезбедување на бесплатна стручна помош и едукација за родителите за правилна нега и раст на доенчињата.

Кампањата за извојување по 1 денар од секое продадено шише Роса од 1,5 и 0,5 литри, овозможи отворање, и одржување на овие центри во повеќе македонски градови и создавање услови за директна поддршка на семејствата. Ангажманот на стручните тимови во Роса школите за родителство и доење го негува кај родителите чувството дека го прават најдобро за нивното бебе и дека не се сами туку заедницата е тука за нив.

Поврзани вести