• Почетна
  • За Пивара
    • За Пивара Скопје
    • За нас
    • Пивара Скопје низ годините
    • Награди и признанија
    • Извештаи и политики
  • 24/7 Портфолио
    • 24/7 Портфолио
    • Истражи го нашето портфолио
    • Безалкохолни газирани пијалаци
    • Пијалаци за хидратација
    • Енергетски пијалаци
    • Сокови
    • Пивски брендови
    • Премиум жестоки алкохолни пијалаци
    • Кафе
    • Наградни игри
  • Одржлив развој
    • Одржлив развој
    • Нашиот пристап
    • Студија за социо-економско влијание на
      Пивара Скопје во
      С. Македонија
    • ESG рангирање
    • Youth Empowered
    • Ние и заедницата
  • Кариера
    • Кариера во Пивара Скопје
    • Стани дел од тимот Пиварци
    • Бенефити за вработени
    • Кариера во продажба
    • Coke Summership
    • Запознај ги нашите луѓе
  • Медиа центар
  • Контакти
Пребарај
  • mk македонски
  • en English

Е-БИЛТЕН

Пријавете се на нашиот месечен е-билтен

    Отворени позиции

    БРЕНД МЕНАЏЕР ЗА ПРЕМИУМ ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ

    бренд менаџер

     

    КОИ СМЕ НИЕ

    Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

    Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

    Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

    ШТО НУДИМЕ?

    • Работа со светски познати брендови – Bacardi, Martini, Bombay Sapphire, Grey Goose, Patron, Camino, St-Germain, Finlandia, The Macallan, Highland Park, Brugal, Zlatna Rakija i Pelin.
    • Можности за обуки и развој поддржани од две големи интернационални корпорации
    • Флексибилност во организирање на работното време и хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
    • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
    • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
    • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
    • Достапност на сите програми кои се во рамки на Клуб Пиварци – Програма за унапредување на благосостојбата на вработените како и Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности

    ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

    • Развој и имплементација на маркетинг планови во склад со бизнис целите
    • Анализирање на маркетинг трендовите и однесувањето на потрошувачите за идентификација на нови можности
    • Проценување на ефикасноста на маркетинг стратегиите и имплементација на решенија за подобрување на процесите и маркетинг активностите
    • Соработка со внатрешни и надворешни партнери за да се обезбеди непречен развој на процесите.
    • Директна и индиректна промоција на нашето портфолио и детално познавање на брендовите за премиум жестоки пијалаци
    • Управување со буџетот со цел обезбедување присуство на портфолиото, на сите засегнати локации, според претходно договорените стандарди
    • Менаџирање на односи со маркетинг агенции и воспоставување на јасни комуникациски процеси

    ШТО БАРАМЕ:

    • Докажано искуство во бренд менаџмент и развој на маркетинг стратегии.
    • Изразени аналитички вештини за носење на стратешки одлуки
    • Активно користење на деловен англиски јазик
    • Исклучителна комуникативност и лидерски вештини
    • Познавање на MS Office алатки ( Word, Excel, Power Point)
    • Страст за иновација и развој

    Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 09.02.2026г.

    Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

    Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

    Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

     

    АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

     

     


    Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 100 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

    Победуваме и растеме заедно

    • Почетна
    • За Пивара
    • 24/7 Портфолио
    • Одржлив развој
    • Медиа центар
    • Кариера
    • Контакти

    За Пивара Скопје

    • За нас
    • Пивара Скопје низ годините
    • Награди и признанија
    • Извештаи и политики

    Е-БИЛТЕН

    Пријавете се на нашиот месечен е-билтен

      Услови за користење Политика за приватност Известување за колачиња

      © 2026 Пивара Скопје. Сите права се задржани.

      Портал за купувачи
      • English
      • македонски