Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје, гостува во емисијата Бизнис Објектив на телевизија Телма, каде споделува релевантни податоци за потрошувачката на пиво и безалкохолни пијалоци, како и за извозот на Скопско пиво и позицијата на домашните брендови надвор од границите на земјата.
“Во просек Македонците консумираат околу 40 литри пиво по глава на жител – показател според кој Македонија е меѓу пониско рангираните земји во регионот, но на глобално ниво зазема стабилна средна позиција.” – изјави Лазиќ
Во разговорот, Лазиќ се осврнува и на пошироките состојби и очекувања во FMCG индустријата, предизвиците што ги носи инфлацијата, како и на улогата и применливоста на вештачката интелигенција во современото работење.
Целото интервју може да го погледнете на линкот:
*Интервју за емисијата Бизнис Објектив на телевизија Телма.