Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
На свечена церемонија во Скопје, официјално беше означен почетокот на Плазма Спортските игри за млади во Македонија – најголемата спортско-аматерска манифестација во Европа, која веќе три децении ги вклучува децата и младите во бесплатни спортски активности.
Со потпишувањето на договорот за спонзорство со оваа меѓународна платформа „Спортски игри за млади“, Пивара Скопје се приклучува како партнер, со јасна цел поддршка на младите и промоција на здрав и активен животен стил.
„Големо задоволство е што заедно со Спортските игри за млади отвораме можност и младите во Македонија да станат дел од оваа значајна регионална спортска иницијатива.
Ова партнерство е природен израз на нашата долгогодишна посветеност кон младите и заедницата. Искрено сме горди што сме дел од иницијатива што овозможува секое дете бесплатно да учествува и да ги направи своите први спортски чекори.
Верувам дека многумина од овие млади, кои денес можеби ги прават своите први спортски чекори, утре ќе бидат наши шампиони – не само на спортските терени, туку и во животот“ , изјави Огњен Лазиќ, Генерален директор на Пивара Скопје на официјалното потпишување на договорот во македонската влада.
Плазма Спортските игри на младите во Северна Македонија ги поддржа и генералниот спонзор Бамби, кој е дел од групацијата Coca-Cola HBC.
„За Плазма, Спортските игри за млади веќе десет години се природно продолжение на она што го претставуваме како бренд – енергија од детството, движење и заедништво. Особено ни е драго што годинава Игрите започнуваат и во С.Македонија, затоа што секое дете што добива можност да учествува, истовремено ја шири важната идеја – дека спортот треба да биде достапен за сите,“ изјави генералниот директор на Бамби а.д., Драган Стајковиќ.
Голема поддршка Плазма Спортски игри за млади имаат и од амбасадорите на СИМ, а во Скопје присуствуваа прославените спортисти Предраг Мијатовиќ, Славен Билиќ, Жељко Обрадовиќ, Шиме Врсаљко, како и пријателите спортисти и спортски функционери: Предраг Даниловиќ, Аљоша Асеновиќ, Веселин Вујовиќ, Игор Ангеловски, Петар Метличиќ, Емир Спахиќ, Стипе Плетикоса, Владо Андроиќ, , Никола Вујчиќ, Гоце Седлоски, Петар Крпан, Индира Кастратовиќ, Пеце Наумовски и Томица Главчев.
Спортските игри за млади во земјава се реализираат во соработка со Федерацијата на училишни спортови на Македонија, а со поддршка и на македонска влада.
На настанот присуствуваше и претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски кој нагласи дека “младите се нашата најважна инвестиција. Верувам дека учеството во Игрите ќе создаде генерации кои ќе ја градат и унапредуваат нашата држава.“. Министерот за спорт Борко Ристовски додаде дека како “спортист знам колку спортот го гради карактерот. Игрите промовираат фер-плеј, заедништво и здравје – вредности кои сакаме да ги негуваме кај сите деца.
На свеченоста пристуствуваа и Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Тимчо Муцунски, шеф на македонската дипломатија, Магнус Бруннер,Еврокомесар за внатрешни работи и миграции, Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска, Михаилис Рокас, амбасадор на Европската унија во земјава и Здравко Мариќ, претседател на Плазма Спортските игри за млади.
Плазма Спортските игри за млади се основани во Сплит во 1996 година. Од првите Игри до денес, сите активности за децата се целосно бесплатни, а во текот на три децении учествувале повеќе од 3.440.000 деца и млади.
Во рамки на игрите, во земјава ќе се одржат натпревари во 10 спортски дисциплини, меѓу кои мал фудбал, одбојка, ракомет, кошарка 3×3, тенис и атлетика. Настаните ќе се реализираат од април до јуни 2026 година, низ повеќе градови со активно учество на училиштата и локалните заедници. Најдобрите 240 ќе се натпреваруваат на меѓународното финале во Сплит, во август.