Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Две години по успешното лансирање на производите на Three Cents, компанијата одлучи на пазарот да претстави нов премиум тоник која им бил во мислите и во срцата уште од самиот почеток – Mandarin & Bergamot Soda.
Идејата зад Three Cents Mandarin & Bergamot Soda беше во еден исклучителен газиран пијалак да се долови свежината и комплексноста на најуникатните медитерански цитруси. Затоа тие одлучија да ги комбинираат освежителните вкусови и ароми на ароматичниот бергамот и интензивната мандарина, заедно со други внимателно избрани природни состојки и газирана вода, со цел да се задржи долготрајната газираност и да се создаде еден од највредните премиум миксери на пазарот.
Нутритивни вредности
Енергија: 197 kJ / 47 kcal Масти: 0 g од кои заситени масти: 0 g
Јаглехидрати: 11.5 g од кои шеќери: 11.5 g
Протеини: 0 g Сол: 0 g
Состојки
Газирано безалкохолен пијалок со вкус на мандарина и бергамот – 200 ml
Состојки: вода, шеќер, јаглерод диоксид, киселина: лимонска киселина, природна арома од мандарина со други природни ароми, природна арома од бергамот, антиоксиданс: аскорбинска киселина, концентрат од црн морков, емулгатор: глицерол естер од дрвени смоли, боја: каротени.