Нашето портфолио е едно од најсилните, најшироките и најфлексибилните во индустријата за пијалаци.

Нудиме водечки брендови во категориите пиво, газирани пијалаци, сокови, вода, спортски пијалаци, енергетски пијалаци, леден чај, кафе, и премиум жестоки алкохолни пијалаци. Нашите производи задоволуваат широк спектар на вкусови нудејќи избор на различни избалансирани опции, премиум производи и сѐ повеќе се стремиме кон одржливо пакување.

Продаваме, произведуваме, активираме нови производи и иновации од нашето разновидно портфолио, осигурувајќи се дека секој пијалак е достапен во вистинското пакување, на вистинското место, со цел да го исполниме секој момент за секоја прилика, 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Ваш 24/7 партнер за пијалаци.

Секогаш достапни, каде и да сте

Нудиме решенија што одговараат на секој стил на живеење – од практични пакувања за дома, до пакувања за директна консумација или премиум настани. Без разлика дали се работи за утринско кафе, освежување во движење или здравица со стил, нашето 24/7 портфолио е дизајнирано да биде со вас – секогаш, секаде.

Синоним за квалитет

Со секој производ, креираме моменти на уживање, исполнувајќи ги најсовремените стандарди за квалитет и вкус. Нашите водечки брендови го прават 24/7 портфолиото синоним за квалитет, иновација, уживање и доверба.

Постојан развој

Постојано го адаптираме нашето портфолио за да ги следиме промените во навиките и очекувањата на потрошувачите. Се воведуваат нови вкусови, поширок избор на здрави опции – без шеќер, нискокалорични и функционални пијалаци што одговараат на динамичниот начин на живот. Иновациите се присутни во сите категории – од негазирани и газирани пијалаци и пиво – постојано се креираат нови стилови и искуства за секој вкус.

Одржливи решенија

Вложуваме во одржливи решенија – од оптимизација на процесите, до иновативни и еколошки пакувања. Работиме на намалување на влијанието врз животната средина, со паметни технологии и одговорни практики што го поддржуваат долгорочниот одржлив развој.

Истражете го нашето портфолио