Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Пивара Скопје е компанија со повеќе од десет децении историја, која со својот развој е тесно поврзана со развојот на нашата земја. Од основањето во 1922 година до денес, Пивара Скопје не е само водечки производител на пиво и безалкохолни пијалаци, туку и силен поддржувач на локалната заедница, културата и економијата. Со својата работа, компанијата придонесува за отворање работни места, развој на домашната економија и создавање можности за идните генерации.
Водени од вредностите на одговорност, одржливост и иновации, Пивара Скопје постојано инвестира во општествени проекти кои носат долгорочна корист за заедницата.
Како дел од глобалната иницијатива Youth Empowered на Coca-Cola HBC, Пивара Скопје има изградено силна платформа за поддршка на младите – обезбедувајќи пристап до знаење, ресурси и мрежи кои им помагаат да се подготват за предизвиците на иднината.
Предмет на ова Барање е реализација и унапредување на досегашната платформа за поддршка на млади Youth Empowered, која компанијата ја спроведува речиси 30 години. Понудувачите треба да креираат и да ја спроведат платформата Youth Empowered -„Пивара Скопје Академија за млади“ што е следен чекор во унапредување на создавање на современа, динамична и инклузивна програма која ќе им овозможи на младите од сите региони на земјата да развијат дигитални и лидерски вештини, да се запознаат со концептите на одржливост и ESG, и да ги унапредат своите способности за личен и професионален развој.
Преку ова Барање за доставување понуда, Пивара Скопје ги поканува квалификуваните организации да станат партнери во реализацијата на платформата, споделувајќи ја нашата визија – младите луѓе да имаат пристап до алатки, знаења и инспирација со цел поддршка во нивното вработување и отворање сопствен бизнис.
Според податоците на Државниот завод за статистика и релевантните истражувања на меѓународни организации, младите луѓе во Северна Македонија се соочуваат со повеќе предизвици:
Во овој контекст, платформата Youth Empowered – Пивара Скопје Академија за млади е осмислена како решение што ќе им овозможи на младите да стекнат знаења и вештини за:
Целите на платформата Youth Empowered – Пивара Скопје Академија за млади се насочени кон интегриран развој на младите, преку покривање на осум тематски области:
ОПСЕГ
МЕТОДОЛОГИЈА
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ И ИСПОРАКИ
Испораки:
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:
За да бидат разгледани, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве задолжителни услови:
Овие услови се поставени за да се осигура дека понудувачот има реална способност за имплементација и дека платформата ќе има максимален опфат и влијание кон целите кои што се очекуваат да се постигнат.
ПОТЕНЦИЈАЛНИ РИЗИЦИ ЗА КОИ ТРЕБА ДА СЕ НАВЕДАТ МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ:
ПРЕДЛОГ ФОРМАТ НА ПОНУДАТА И ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ
*Забелешка: Освен буџетот, нема стандарден формулар — се доставува во слободен формат.
ДАТУМ НА ПОДНЕСУВАЊЕ
Секој Понудувач ја доставува понудата во писмена форма, на контакт емаил адресата на претставникот од Пивара Скопје АД задолжен за ова Барање за понуди. Понудите мора да бидат предадени во бараниот рок. Пивара Скопје АД го задржува правото да не ги прифаќа понудите кои нема да бидат предадени во бараниот рок.
Понудувачите немаат право да вршат измена на понудите по поднесување, освен ако тоа не се бара од страна Пивара Скопје АД. Продолжување на рокот за доставување на понуди може да се дозволи само со дискреционо право од страна на набавувачот.
ПРЕДЛОГ ВРЕМЕНСКА РАМКА КЛУЧНИ ДАТУМИ
Пивара Скопје АД дава индикативна временска рамка (како што е наведено подолу), но го задржува правото да прави промени на оваа индикативна временска рамка по своја дискреција. Секоја промена на овие датуми ќе биде доставена до сите Понудувачи.
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
Понудата треба да биде изработена согласно со наведените услови и податоци наведени во ова Барање за прибирање понуди. Доколку понудата не е изработена и не ги содржи бараните податоци, понудата ќе се смета за некомплетна и истата ќе биде одбиена. истата не е потребна.
Понудата мора да биде јасна, концизна и целосна. Пивара Скопје АД го задржува правото да го оцени Понудувачот со ниска оценка или го исклучува од процесот ако понудата содржи некои нејаснотии. Со исклучок на документи кои ќе се третираат како документи за “подобрување”, Понудувачите треба да достават само информации кои се потребни за ефективно да одговорат на ова Барање. Освен ако експлицитно не е побарано, презентација на дополнителни материјали,
Понудата мора да биде потпишана од страна на овластен претставник на правното лице.
Доколку Понудувачот е веќе регистриран со EcoVadis (www.ecovadis.com), истото треба да биде наведено во самата понуда. Постоечка регистрација на Понудувачот во рамки на EcoVadis ќе се оценува како плус во рамки на критериумот Одржливост.
Во случај избраниот Понудувач да не е регистриран на EcoVadis, има обврска во рок од 3 месеци од известувањето дека е избран за најповолен Понудувач, да се регистрира на EcoVadis. Трошокот за регистрација на EcoVadis зависи од големината на компанијата, големината на пакетот, земјата и временскиот период на пакетот и истиот може да се провери на следниот линк:
Business Sustainability Ratings Plans and Pricing | EcoVadis
Трошокот за регистрација е обврска на самиот избран Понудувач. Избраниот Понудувач има обврска за активно членство на EcoVadis за целото времетраење на ангажманот/договорот за предметната набавка.
Доколку избраниот Понудувач не се регистрира на EcoVadis во временската рамка наведена погоре, истото ќе се смета за прекршување на постапката за прибирање на понуди и основа за раскинување на договорот, без отказен рок.
Понудувачите кои во моментот на поднесување на понудата немаат активна регистрација на EcoVadis имаат обврска по доставувањето на понудата да достават пополнет Формулар за претквалификација на контрактори и добавувачи – овој прилог дополнително ќе биде споделен по добивањето на понудите. Понудувачите се обврзани пополнетиот Формулар за претквалификација на контрактори и добавувачи да го достават во рок од најмногу 3 дена откако истиот е испратен до нив.
официјалната веб страна на Пивара Скопје.
Покрај тоа, Набавувачот може да се јави кај секој Понудувач за корегирање или појаснувања на доставената понуда, со цел да се направи фер споредба на сите поднесени понуди.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА
Било какви настанати трошоци или настаната обврска или било која работа или напор од страна на Понудувачот, без разлика дали е успешна или не, или дали процесот се менува во било кој начин, предизвикана исклучиво врз основа на комерцијална пресуда на Понудувачот, е негова лична одговорност. Пивара Скопје АД нема да ги надомести направените трошоци, издатоци и обврски, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на било каква загуба на профит или економските загуби предизвикани од кој било Понудувач, или било кое друго лице во врска со неговата подготовка за учество во оваа понуда. Пивара Скопје АД нема никаква одговорност за исходот на ова Барање, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на било каква загуба на профит или економска загуба направени од страна на Понудувачот или било кое друго лице кои произлегуваат од или во врска со оваа понуда или какво било одложување на ова Барање.
Пивара Скопје АД го задржува правото да побара од Понудувачот да ги презентира системите, услугите и процесите наведени во понудата на трошок на Понудувачот како и можност да ги посети работните простории на Понудувачот.
ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
Отворањето на понудите ќе се изврши без присуство на Понудувачите.
Набавувачот ќе ја прифати онаа понуда којашто ќе биде оценета како најповолна, а го задржува правото и не е обврзан да ја прифати најевтината или било која доставена понуда, како и правото да го поништи барањето.
По процедурата за оценување, Набавувачот може да контактира со избраниот (-ите) Понудувач(и) за понатамошни преговори во врска со предложените договорни услови. Набавувачот ќе ги извести сите Понудувачи по е-маил за резултатот од нивното учество во процесот на барањето за прибирање на понуди.
Набавувачот нема да им ја открие на другите Понудувачи информацијата за тоа која понуда го добила барањето. Исто така набавувачот не презема никаква обврска да ги обзнани причините или кои било детали што биле искористени како основа за идентификување на победникот и за рангирањето на Понудувачите.
Откако понудите ќе бидат добиени од сите Понудувачи, Пивара Скопје АД ќе ги оцени сите понуди врз објективни критериуми за селектирање. Цени и трошоци нема да бидат единствените фактори, но ќе имаат значителна улога во оценувањето.
Пивара Скопје АД ќе ги оцени Понудувачите врз основа на неколку критериуми кои може да вклучуваат, но не се ограничени на:
Забелешка: Критериумите во оваа клаузула не се наведени по редослед на нивниот приоритет и не се исцрпни, ниту ќе им биде дадена еднаква тежина во текот на оценувањето.
КЛУЧНИ КОНТАКТИ
Маја Котевска (maja.kotevska@cchellenic.com) е контакт лице за сите технички и комерцијални услови (“Проектен Лидер”).
Без претходно писмено одобрување од Проектниот лидер, Понудувачот не смее да открие или да ја дискутира својата понуда со било кој вработен (и) во Пивара Скопје АД. Понудувачот треба да се осигура дека сите дискусии и комуникација во врска со ова Барање оди преку Проектниот лидер, освен ако не е поинаку договорено. Непочитувањето на ова барање може да резултира со дисква лификација од процесот на набавки.
БЕЗ ПУБЛИЦИТЕТ
Ниту еден Понудувач нема право да изврши објава или предизвика публицитет во врска со ова Барање за доставување понуди, секој предлог, дискусии од било кој вид или активности поврзани со избор на Понудувач, без претходна писмена согласност од Пивара Скопје АД.
ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДУВАЧОТ И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Секој обид од страна на Понудувачот или неговите советници да влијаат на процесот на избор на Понудувач на кој било начин, може да резултира Понудувачот да биде дисквалификуван. Поточно, Понудувачите не треба директно или индиректно, во секое време:
Понудувачите имаат одговорност да осигураат дека не постојат конфликти на интереси меѓу Понудувачот и неговите соработници/партнери и Пивара Скопје АД и нејзините вработени/партнери/соработници. Секој Понудувач кој не го исполнува ова барање може да биде дисквалификуван од процесот за набавка по дискреционо право на Пивара Скопје АД.
ДОВЕРЛИВОСТ
Со цел да бидат земени в предвид доставените понуди на овој повик, Понудувачите мора да ги исполнуваат обврските кои произлегуваат од Договорот за неоткривање (НДА) дадени од Пивара Скопје АД. Договорот за НДА ќе биде доставен до секој Понудувач кој ќе учествува на овој повик. Во случај на непочитување на Договорот за неоткривање, секој Понудувач може да биде исклучен од овој процес.
Пивара Скопје АД ќе ја почитува доверливоста на понудите поднесени од Понудувачите. Информациите доставени од Понудувачот ќе бидат прегледани и оценети од страна на проект тимот составен од вработени во Пивара Скопје АД. За да се избегне било каков сомнеж, секој Понудувач се согласува дека Пивара Скопје АД има право да ги користи личните податоци, доколку такви податоци се доставени, или се содржани во соодветните предлози на Понудувачите, до степен потребен за Пивара Скопје АД ефикасно ги постигне целите на ова Барање и да се избере потенцијален добавувач за исполнување на целта на овој процес. Пивара Скопје АД има право да користи било кој предлог од Понудувачот за остварување на целите, без оглед на тоа дали или не влегува во договорен однос со Понудувачот.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРИВАТНОСТ И СОПСТВЕНОСТ
Пивара Скопје АД ќе ја задржи сопственоста на податоците од правна и оперативна перспектива. Се очекува дека Понудувачот ќе:
ВРАЌАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Секој Понудувач кој нема да биде избран во процесот мора да ги врати или уништи (во кој случај треба да обезбеди релевантен документи за уништување) сите документи и податоци кои му се предадени до датум што Пивара Скопје АД ќе го определи.
ЗАДРЖАНИ ПРАВА
Во прилог на сите други права, Пивара Скопје АД посебно го задржува правото, без никакви трошоци/обврска/одговорност да:
ПРИЛОЗИ Прилог 1 – Буџет
Прилог 2 – Прашања YE тендер