Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Секогаш препознатливо зелено шише, црвена ѕвезда, насмеано ”e” како поздрав за добредојде од најблискиот пријател, добро изладено, свежо и со висок квалитет – Heineken уште од 1873. Високиот квалитет на пивото е постигнат со најдобрите природни состојки во комбинација со традиционалното пивско мајсторство и модерната технологија. Во срцето на успехот на Heineken се наоѓаат чисти, природни состојки: јачменов слад, вода, хмељ, и мал но значаен таканаречен екстра А-квасец, одговорен за богатиот избалансиран вкус и суптилните овошни ноти што го разликуваат секој Heineken уште од 19 век. Со текот на годините, главните пивски мајстори продолжиле да го усовршуваат својот занает. Откриле дека ферментирањето на Heineken пивото во хоризонтални резервоари наместо во индустриската стандардна вертикала создава совршен притисок за А-квасецот. Токму ова му дава на Heineken свој карактеристичен избалансиран, богат вкус. Исто така, за да се подготви убаво, златно-жолто пиво потребни се 28 дена, што е многу подолго од просекот. Но пивските мајстори во Heineken претпочитаат трпеливост пред да ризикуваат на квалитет.