Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО. Така е речиси девет децении. СКОПСКО со златно-жолта боја и цврста бела пена за потрошувачите прерасна во вистински синоним за пиво. И тоа не е случајно. Тоа е резултат на макотрпна работа на генерации вработени во Пивара Скопје и нивната упорност во градењето на брендот кој го носи епитетот „Најдоброто пиво во Македонија“. Но, СКОПСКО не е само традиција. За да се одржи највисоката позиција на пазарот, неопходно е задржување на највисокото ниво на квалитет, следење во чекор на предизвиците на модерното време и на барањата на новите генерации потрошувачи, како и креирање на нови потреби, но истовремено и одржување на стекнатата доверба кај оние кои со децении се навикнати на уникатниот вкус, свежина и задоволство што го нуди СКОПСКО. Според независни истражувања, речиси и да нема македонски граѓанин што не слушнал или не знае што претставува СКОПСКО! Речиси и да не постои полнолетен граѓанин што не го пробал СКОПСКО! Во Македонија – кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО.