Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Coca – Cola HBC ја објави заложбата за нула емисии низ целиот синџир на вредности до 2040.
Преку постоечки, одобрен таргет базиран на научни истражувања, до 2030 година компанијата ќе ги намали емисиите на синџирот на вредност во опсегот 1,2 и 3 за 25%, со дополнително намалување од 50% во следната деценија. За решавање на 90% од емисиите во опсегот 3 што произлегуваат од активности на трети страни, CCH ќе го прошири својот постоечки пристап за партнерство со добавувачите. Секаде каде што емисиите не можат целосно да се отстранат, бизнисот ќе ги ублажи со инвестирање во други мерки за заштита на климата.
Цврст и конкретен план
За да ја постигне својата цел, Coca – Cola HBC ќе:
Покрај тоа, Coca – Cola HBC воведе таргети за намалување на емисијата на јаглероден диоксид, како еден од елементите во долгорочните планови за менаџирање.
Постојана евиденција на она што е постигнато
Coca – Cola беше една од првите компании што се обврза и ги испорача таргетите базирани на научни истражувања. Во последната деценија, компанијата ги преполови своите директни емисии и планот за намалување на СО2 до 2030 година веќе е поддржан и одобрен. Во март оваа година, Coca – Cola HBC беше прогласена како најодржлива компанија за пијалаци во светот според Индексот за одржливост на Дау Џонс, петти пат во последните 7 години, постигнувајќи го својот највисок резултат досега. Исто така, беше рангирана меѓу најдобрите компании во одржливост, согласно одредниците на критериумите за животна средина, социјала и управување, како што се CDP, MSCI ESG и FTSE4Good.
Пристап за партнерство
Новата посветеност е исто така поддржана од коалицијата „We Mean Business“ и Coca – Cola HBC се приклучи на листата на компании што ја поддржуваат иницијативата „Race to Zero“.