Нашето портфолио е едно од најсилните, најшироките и најфлексибилните во индустријата за пијалаци.

Нудиме водечки брендови во категориите пиво, газирани пијалаци, сокови, вода, спортски пијалаци, енергетски пијалаци, леден чај, кафе и премиум жестоки алкохолни пијалаци. Нашите производи задоволуваат широк спектар на вкусови, нудејќи избор на различни избалансирани опции на премиум производи и стремејќи се сѐ повеќе кон одржливо пакување.

Продаваме, произведуваме, активираме нови производи и иновации од нашето разновидно портфолио, грижејќи се секој пијалак да биде достапен во вистинското пакување на вистинското место, за да го исполниме секој момент за секоја прилика - 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Ваш 24/7 партнер за пијалаци.

Секогаш достапни, каде и да сте

Нудиме решенија што одговараат на секој стил на живеење – од практични пакувања за дома, до пакувања за директна консумација или премиум настани. Без разлика дали се работи за утринско кафе, освежување во движење или здравица со стил, нашето 24/7 портфолио е дизајнирано да биде со вас – секогаш, секаде.

Синоним за квалитет

Со секој производ креираме моменти на уживање, исполнувајќи ги најсовремените стандарди за квалитет и вкус. Нашите водечки брендови го прават 24/7 портфолиото синоним за квалитет, иновација, уживање и доверба.

Постојан развој

Постојано го адаптираме нашето портфолио за да ги следиме промените во навиките и очекувањата на потрошувачите. Се воведуваат нови вкусови, поширок избор на здрави опции – без шеќер, нискокалорични и функционални пијалаци што одговараат на динамичниот начин на живот. Иновациите се присутни во сите категории, од негазирани и газирани пијалаци до пиво, постојано креирајќи нови стилови и искуства за секој вкус.

Одржливи решенија

Вложуваме во одржливи решенија, од оптимизација на процесите до иновативни и еколошки пакувања. Работиме на намалување на влијанието врз животната средина, со паметни технологии и одговорни практики што го поддржуваат долгорочниот одржлив развој.

Истражете го нашето портфолио