ZLATNA RAKIJA
ZLATNA е префинета и ароматична ракија со премиум квалитет, произведена од свежи плодови на овошје. Ракијата ZLATNA се произведува на начин со којшто се чува традицијата, со желба заедно да уживаме во моментите кои значат – нашите златни моменти.
Компанијата производител MB Impeks е основана во 1996 година во Бања Лука, Босна и Херцеговина, најпрво како скромен семеен бизнис со мисија да го пренесе семејното наследство за производство на квалитетна ракија.
Во 2017 година Coca-Cola Hellenic Bottling Company станува сопственик на производите и брендот на ZLATNA Rakija и Zlatni Pelin, а од 2025 година почнува да се продава на пазарот во С. Македонија.