Концептот на корпоративна одговорност и одржливост е неразделен дел од културата на Пивара Скопје како дел од интернационалните групации Coca-Cola HBC и HEINEKEN.
Во своето работење Пивара Скопје се води од принципите на одржливост, со цел да ја зачува животната средина и ресурсите за идните генерации. Овие принципи се интегрирани во секој аспект од нашето делување и претставуваат клучен елемент на нашата деловна стратегија – стратегија што создава вредност не само за компанијата, туку и за вработените, потрошувачите, купувачите, партнерите и заедницата.
Одржливоста е темел на секој сегмент од нашето работење. Веруваме дека долгорочниот успех е можен само ако активно придонесуваме за справување со најголемите предизвици на денешницата, и затоа вложување во области што ги идентификуваме како приоритети. Кон овие области пристапуваме стратешки, со дефинирани цели за одржливост, на ниво на двете групации Coca-Cola HBC и HEINEKEN, чиј дел е и Пивара Скопје.