Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Пивара Скопје создава нов пивски бренд „Горско“, придружен со пораката „Твое пиво – твој начин“. Меѓу пошироката популација ќе стане познато како едно од омилените „работнички пива“.
19 мај 2003, ќе биде запаметен во историјата на компанијата како датум на кој биле пуштени нови супер-модерни постројки за производство на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, во кои биле инвестирани 55 милиони долари. Со ова, Пивара Скопје го зголемува производството на своите пивски брендови СКОПСКО и Горско и на безалкохолните пијалаци од палетата на Coca-Cola за дополнителни 100 милиони хектолитри пијалаци.
Пивара Скопје добива големо признание од The Coca-Cola Company – прогласена е за производител на најдобрата Coca-Cola во светот! Истото признание го освојува и во 2013 година, потврдувајќи го врвниот квалитет и посветеност. Со тоа, Пивара се вбројува меѓу ретките компании во светот што се закитиле со ова престижно признание.
Во употреба се пушта првата иновативна станица за биотретман на отпадни води во Македонија, инвестиција вредна речиси 3 милиони евра сопствени средства на компанијата. Станицата придонесува за унапредување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија.