Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
„Пивара Скопје“ е компанија со повеќе од еден век историја каде што традицијата и иновациите се преплетуваат меѓу себе притоа создавајќи не само пиво, туку и приказни, емоции и брендови кои се дел од културното живеење.Како изгледа да се работи зад брендот што со децении е симбол на македонската автентичност?
Радован зборува за искуствата и за предизвиците на финансиите и комерцијата во современо време, за страста кон бројките и аналитиката, но и за желбата да работи во компанија која ги произведува најдоброто пиво и најдобрата „кола-кола“.
Оттогаш мојата кариера се движеше низ различни улоги во финансискиот сектор – од финансиски аналитичар преку менаџер за финансиска контрола за производство и логистика до мојата актуелна позиција: менаџер за финансиска контрола – комерција. Секоја од овие улоги ми овозможи да бидам дел од креирањето на бизнис-плановите, да учествувам во носењето стратешки одлуки и да ги следам резултатите преку финансиските показатели.
Во оваа улога, клучни вештини се аналитичкото размислување, способноста за стратешко планирање, комуникациските вештини и умешноста да се работи со различни тимови. Предизвиците се многубројни – од брзо менување на пазарните услови до потребата за брзи и прецизни одлуки базирани на податоци. Но, токму тие предизвици ја прават работата динамична и исполнувачка. И како што напоменав, сето ова е поддржано од развојните програми на „Пивара Скопје“, кои овозможуваат континуирано учење, менторство и личен раст. На нас останува најважното – да ја имаме желбата и храброста да инвестираме во себе.
Овде не си само „нов вработен“, туку уште од почеток си дел од тим кој верува во потенцијалот на младите. Секој од нас има пристап до безброј регионални и глобални платформи за учење, менторство од искусни колеги и реални можности секој навистина да се докаже и да напредува. Секој предизвик е шанса да научиш нешто ново, а секој успех – без разлика колку мал – се слави. Еве, на пример, преку програмата Coke Summership многу студенти го започнуваат својот професионален пат токму тука, а добар дел и остануваат бидејќи работењето тука значи да растеш професионално, но и лично. Да бидеш дел од брендови кои имаат историја, но и иднина. И најважно – да работиш со луѓе кои веруваат во тебе уште од првиот ден.
Ме охрабрија да не се плашам да згрешам, туку да учам од секоја ситуација. Тоа ми даде самодоверба, но и свест дека вистинскиот развој бара храброст, искреност и подготвеност да се менуваш. Токму таа поддршка ми помогна да го изградам мојот професионален идентитет и да станам менаџер кој верува во луѓето – исто како што некој веруваше во мене.