• Почетна
  • За Пивара
    • За Пивара Скопје
    • За нас
    • Пивара Скопје низ годините
    • Награди и признанија
    • Извештаи и политики
  • 24/7 Портфолио
    • 24/7 Портфолио
    • Истражи го нашето портфолио
    • Безалкохолни газирани пијалаци
    • Пијалаци за хидратација
    • Енергетски пијалаци
    • Сокови
    • Пивски брендови
    • Премиум жестоки алкохолни пијалаци
    • Кафе
    • Наградни игри
  • Одржлив развој
    • Одржлив развој
    • Нашиот пристап
    • Студија за социо-економско влијание на
      Пивара Скопје во
      С. Македонија
    • ESG рангирање
    • Youth Empowered
    • Ние и заедницата
  • Кариера
    • Кариера во Пивара Скопје
    • Стани дел од тимот Пиварци
    • Бенефити за вработени
    • Кариера во продажба
    • Coke Summership
    • Запознај ги нашите луѓе
  • Медиа центар
  • Контакти
Пребарај
  • Македонски
  • English

Е-БИЛТЕН

Пријавете се на нашиот месечен е-билтен

    Отворени позиции

    РАКОВОДИТЕЛ НА ТИМ ЗА ПРОДАЖБА – РЕОН СКОПЈЕ (М/Ж)

    КОИ СМЕ НИЕ

    Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

    Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

    Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

     

    ШТО НУДИМЕ?

    • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
    • Флексибилност во организирање на работното време
    • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
    • Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
    • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
    • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
    • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
    • 24/7 осигурување од незгода
    • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

     

    ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

    • Раководи со тим, врши контрола на пазарот и посочува можности за развој на продажната мрежа во регионот на дневна основа;
    • Ги води, ги контролира, ги координира и ги евалуира перформансите на членовите на тимот;
    • Договара и дефинира цели;
    • Одржува дневни и неделни состаноци со тимот;
    • Гарантира постојано и континуирано прибирање податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на дистрибуирани и присутни производи;
    • Врши контрола на извршувањето на пазарот;
    • Истражува, воочува и посочува можности за развој на продажбата во регионот на дневна основа;
    • Учествува во планирањето волумен на продажба на реонот и во активностите за реализација;
    • Решава жалби и поплаки од страна на купувачите и на потрошувачите;
    • Развива партнерски односи со купувачите во регионот.

     

    ШТО БАРАМЕ:

    • Високо образование
    • 3+ години искуство во продажба
    • Возачка дозвола Б-категорија
    • Исклучителни комуникациски и лидерски способности
    • Силни аналитички вештини за донесување одлуки базирани на податоци
    • Проактивен пристап и организациски вештини
    • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office апликации

     

    Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 13.04 2025г.

    Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

    Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

    Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.


    Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 100 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

    Победуваме и растеме заедно

    • Почетна
    • За Пивара
    • 24/7 Портфолио
    • Одржлив развој
    • Медиа центар
    • Кариера
    • Контакти

    За Пивара Скопје

    • За нас
    • Пивара Скопје низ годините
    • Награди и признанија
    • Извештаи и политики

    Е-БИЛТЕН

    Пријавете се на нашиот месечен е-билтен

      Услови за користење Политика за приватност Известување за колачиња

      © 2025 Пивара Скопје. Сите права се задржани.

      Портал за купувачи
      • English
      • македонски