Coke Summership е уникатна можност да работиш на реални проекти, да истражуваш нови работи и да искусиш на кој начин функционира еден производствено-продажен систем, каков што е Пивара Скопје!

За време на праксата, секој учесник добива свој ментор, кој го води низ целата програма, а со тоа може да искуси како изгледа работата во секторот во кој посакува да се развива.

Зошто Coke Summership

  • Работа во компанија што е дел од две интернационални групации ‒ Coca – Cola HBC и Heineken
  • Вклучена Академија за продажба и Академија за синџир на снабдување
  • Менторство од искусни професионалци
  • Стекнување искуство на терен
  • Стекнување нови вештини
  • Работа на реални проекти поддржани од двете интернационални компании
  • Можност за стекнување нови познанства.

Coke Summership

Coke Summership е летна пракса на Пивара Скопје поддржана од нашата групација Coca Cola HBC, која претставува одлична летна можност за размена на нови знаења, дружење и стекнување искуство што ќе ти помогне во твојот личен и професионален развој.

Твојата шанса ако си студент во завршна година

Станува збор за програма наменета за сите студенти што се во завршната година од своите додипломски студии или пак, за студенти што се на магистерски студии на кој било универзитет во земјата.

Сеопфатна програма

Coke Summership нуди сеопфатна програма преку која може да ја започнеш твојата кариера на вистинскиот начин. Во Пивара Скопје, оваа програма се спроведува веќе шеста година по ред и досега повеќе од 600 млади луѓе покажаа интерес да бидат дел од неа.

Години

учесници

Апликанти

Во изминатите пет години 77 учесници ја поминаа програмата дел од нив продолжија со практикантска работа во рамките на нашата компанија, а дел се веќе наши колеги, горди Пиварци.

Праксата од четири недели на Coke Summership за мене беше одлично искуство и почеток на мојата кариера каде преку стекнување на нови познанства, а пред сè многу вештини и знаење, добив можност како студент кој сака да напредува и да се развива да бидам дел од оваа компанија. Учествувајќи на реални проекти и активности на терен добив нова перспектива за работата и се соочив со нови предизвици. Среќна сум што денес сум дел од професионалците во секторот на Финансии и би препорачала секому да се приклучи во тимот на Пиварци.
Нина Лазовска
Financial Analyst
Coke Summership е 4 неделна програма исполнета со интензивна работа, реализирана преку забава тренинзи и учество во реални проекти. Со оваа програма ние студентите имавме можност заедно да растеме и заедно да се развиваме, како на професионален, така и на личен план.
Емилија Трајковска
Учесник во летна пракса
Coke Summership претставува едно незаборавно искуство и совршен почеток за мојата професионална кариера. Можноста да бидам дел од една голема корпорација ми помогна да се стекнам со нови вештини и знаења преку обуки, теренски активности и извршување на реални проекти. Најдоброто што би го издвоил од целокупната пракса е тоа што бев опкружен со врвни професионалци кои се целосно посветени во пренесување на нови знаења. Coke Summership програмата би му ја препорачал на секој млад човек кој е на почетокот од својот кариерен пат!
Андреј Бочваров
Учесник во Летна пракса на Пивара Скопје
На дружба со Coke Summership алумни
Од учесник на Coke Summership до Пиварец - еден ден со Ирма
Coke Summership vol.6.
Ментори на CokeSummership 2024
Coke Summership со Ивана
Coke Summership 2022