Licence To Lead
Пивара Скопје во континуитет вложува во развојот на својата продажна сила. Визијата за 24/7 партнер за пијалаци подразбира дека секогаш сме агилни кога станува збор за новите трендови и потребите на нашите купувачи. Ова е една од најважните стратешки заложби на компанијата, а за таа цел потребно е да имаме постојан раст и развој на нашата продажна сила која се одвива преку сеопфатната Академија за продажба.
Една од наставните програми во рамки на академијата е и програмата Licence2Lead (Лиценца за водење), која всушност е и највисоката лиценца со која можат да се стекнат унапредувачите на пазарот. Преку успешно поминување на оваа програма, тие не само што дополнително ги зајакнуваат нивните продажни вештини, туку стануваат и експерти во нивната област. Секој што ќе се стекне со оваа едногодишна лиценца има можност да биде дел од најтесниот избор за понатамошен развој преку програма Regional BD development и Fast Forward 1, која отвора нови перспективи за кариерен напредок.
За еден унапредувач на пазарот да се стекне со Лиценца за водење, потребно е да демонстрира одличен перформанс од месец во месец и експертско познавање на материјата. Во продолжение ве запознаваме со четворица унапредувачи на пазарот кои годинава ја добија оваа лиценца, и го споделија нивното искуство, нивните очекувања и кои дополнителни вештини ги развија за време на програмата: