Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Најдобро донесена одлука во мојот живот е тоа што во 1980 година се вработив во Пивара Скопје, дециден е Драган Здравески, кој годинава одбележува 40 години работење во оваа компанија. Пивара Скопје е компанија која беспрекорно се грижи за своите вработени, при што постојано се врши надградба во областа во која работиме, се надополнуваат знаења и се прилагодуваме на сите промени кои се случувале со текот на годините. Оператор во производство, неговата сегашна работна позиција, е многу одговорна работа која подразбира прием на пиво како и подготовка на пивото за процес на точење. За да се биде успешен во однос на тоа што го работите, две работи се клучни – труд и посветеност, а исто така снаодливост, брза адаптација и реакција се вештини кои што се неопходни во текот на работата.
Токму така, наскоро одбележувам 40 години работа во Пивара Скопје. Самото тоа што работам цели 40 години во оваа компанија ме врзуваат многу спомени, убави спомени поврзани со дружба, работа, патувања со колеги, како што беа патувањата низ историските места во Југославија, Германија и слично. Најдобро донесена одлука во мојот живот е тоа што во 1980 година се вработив во Пивара Скопје, најпрво на позиција како обезбедување на капија и од тука започнува приказната која трае до ден денес.
Во текот на мојата кариера сменив неколку работни места, кои вклучуваа работа во Сладара, производство на пиво и од 2000 година сум на позицијата Оператор во производство, односно Точилница за пиво. Мојата сегашна работна позиција е многу одговорна работа која подразбира прием на пиво како и подготовка на пивото за процес на точење. Исто така работна позиција која бара внимание и посветеност со цел да се обезбеди и одржи квалитетот на пивото.
Во целост сум задоволен од работењето во оваа фирма, бидејќи како што кажавте голем дел од мојот живот е поминат токму во компанијата. Пивара Скопје е компанија која беспрекорно се грижи за своите вработени, при што постојано се врши надградба во областа во која работиме, се надополнуваат знаења и се прилагодуваме на сите промени кои се случувале со текот на годините. Постојано се надоградуваме особено со фокус во делот за безбедноста и контрола на квалитетот согласно сите стандарди кои се клучни за работата во процесот на производство.
Пред се за да се биде успешен во однос на тоа што го работите, секоја работа најпрво бара труд и посветеност. Бидејќи се вработив на 22 години, со сигурност ќе кажам дека тие две работи се клучни за успех. Покрај тоа особено е важно да се биде искрен и чесен во секоја работа и секоја активност која што ќе треба да се зааврши, да биде направена навистина онака како што треба. Снаодливост, брза адаптација и реакција се исто така вештини кои што се неопходни во текот на работата.
Најголемо достигнување во текот на работата во овие 40 години сметам дека е тоа што се чувствувам среќно и задоволно на моето работно место.
Пивара Скопје е една голема лекција која што придонесе многу во мојот живот , како за материјални добра , така и морални вредности и вештини. Работните навики и вештини кои ги стекнав токму тука ми помогнаа многу и во приватниот живот. Чесност и искреност се едни од најважните карактеристики кои се важни во работата и приватниот живот. Одредување на приоритети и активности кои треба да бидат завршени се вештини кои ги имам стекнато со текот на работата и кои редовно ги применувам и надвор од работата
Како со постарите колеги така и со помладите имам одлична соработка и колегијалност. Моето знаење и долгогодишно искуство го пренесувам на помлдите колеги ,ги обучувам за начинот на работа и исто така со нив споделувам совети, насоки како поуспешно да ги реализираат работните активности. Мора да напоменам дека размената на знаења е взаемна, бидејќи јас од нив учам делови од работата кои се поврзани со новата технологија и дигитализацијата и слободно може да кажам дека човекот учи додека е жив.
Поголемиот дел од моето слободно време најчесто го користам за одмор и релаксација. Одредени денови , а особено за викенд времето го поминувам грижејќи се за мојот внук, што ми претставува огромно задоволство.
Како хоби искрено не можам да издвојам нешто посебно. Кога бев помлад активно играв фудбал , организиравме натпревари со колегите од Пивара Скопје што беше убав начин и покрај работата да се дружиме и спортуваме. Сега обожавам да гледам спортски натпревари, особено фудбал и бокс.