Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
,,Соработката со колегите, взаемното почитување и тимската работа се клучни во процесот на постигнување големи успеси’’ – вели Дејан Ангеловски, кој во изминативе 14 години по промена на повеќе работни позиции во рамки на одделот за Контрола на квалитет во Пивара Скопје, во моментов се наоѓа на позицијата менаџер за контрола на Квалитетот. Тој вели дека е важно да се произведуваат пијалаци согласно барањата на консументите, чиј квалитет ќе се должи на тоа што тие секогаш би имале исти карактеристики. Најголемо достигнување за Дејан е Признанието за високиот Квалитет на производите на Пивара Скопје и максимално ги користи сите можности за учење и надградба на професионален план. Слободното време сака да го поминува со својата сопруга и трите прекрасни синови.
Во 2003 година, веднаш по завршување со предавањата на Факултетот за природни науки на Институтот за хемија, започнав со работа во хемиската лабораторија на Пивара Скопје како сезонски работник. Од декември 2004 година сум редовно вработен во Пивара Скопје на позицијата хемиски аналитичар. Со текот на годините напредував на различни позиции во рамките на Одделот за контрола на Kвалитет. Во 2007 година работев како инженер во хемиската лабораторија, од 2014 како Супервизор за контрола на Квалитет – производство на пиво, a во моментов сум привремено на позицијата Менаџер за контрола на Квалитет.
Менаџерот за контрола на Квалитет во соработка со сите сектори од компанијата е одговорен за осигурување на квалитетен производ за потрошувачите. Тоа, впрочем, подразбира end2end контрола на квалитет – од суровините кои се користат, преку производствените процеси, па се до производ на полица.
Секогаш се стремиме да произведуваме пијалаци согласно барањата на консументите. Од тој аспект под квалитет подразбираме производство на производи кои секогаш ќе имаат исти карактеристики. Пивара Скопје како дел од двете големи корпорации за производство на пијалаци, Heineken и Coca Cola HBC, секогаш ги користи строгите критериуми на корпорациите, мониторинг на квалитетот на производите, а критериумите се почитуваат и при дизајн на нови производи.
Во контрола на Квалитет секојдневно се соочуваме со различни предизвици во однос на квалитетот. Она што претставува посебен предизвик и задоволство е учеството во процесот на развој на нови производи, каде што преку контролата, како и експертизата придонесуваме до производство на навистина високо квалитетни производи.
Профилот на пивото треба да одговара на желбите и потребите на потрошувачите. Различна група на потрошувачи преферира различни карактеристики на пивото (горчина, боја, алкохол, газираност, екстракт, арома…). Тимот на контрола на Квалитет преку своите активности обезбедува производите секогаш да се со константен квалитет. Процесот на контрола започнува уште при избор на суровините кои ќе се употребат за производство на пиво. Секогаш се избираат суровини со најдобар квалитет. Понатаму, во секоја фаза од процесот на производство (варење, ферментација, одлежување, филтрирање, полнење) секојдневно се извршуваат бројни хемиски и микробиолошки анализи за да се обезбеди квалитетен производ. Тука не завршува контролата на квалитет на производот. Ја продолжуваме преку мониторинг на условите во кои производот е складиран во Дистрибутивните центри низ Македонија, мониторинг на староста на производите.
Секој нов ден поминат во оваа компанија претставува ново искуство и учење за мене. Пивара Скопје е дел од две големи корпорации Coca-Cola и Heineken, а јас како вработен во една таква компанија максимално ги користам сите можности за учење и надградба на професионален план.
Постојано унапредување на знаењата и вештините, упорност во работата, како и комуникација, се само мал дел од работите кои се составен дел на успехот…
Најголемо достигнување за мене е Признанието за високиот Квалитет на производите на Пивара Скопје, неговото постојано подобрување и дизајнот (производството) на нови пијалаци кои ги задоволуваат потребите на потрошувачите.
Соработката со колегите, взаемното почитување и тимската работа се клучни во процесот на постигнување големи успеси.
Благодарение на посветеноста на сите вработени во производство на безалкохолни пијалаци, а особено на вработените во Одделот за контрола на Квалитет на безалкохолни пијалаци и строгата контрола на квалитетот на производите, успеавме двапати да го добиеме престижното признание за најдобра Кока Кола во светот. Кока-Кола го има истиот препознатлив вкус насекаде низ светот, но она што ја издвои Кока-Кола произведена во Пивара Скопје е високиот квалитет на производот и одличната контрола на квалитетот (карбонизација, вкус, пакување…).
Среќно сум оженет и татко на три прекрасни момчиња, така што оној мал дел од денот што ми преостанува за слободни активности се трудам да го поминам во дружба со нив.