Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Од 20 до 31 август 2018 година во Струга, ќе се одржи деветата „Школа за млади лидери“, под покровителство на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, која ќе брои вкупно 40 учесници од целиот свет.
Школата за прв пат беше организирана во 2010 година. Наменета е за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Оваа година програмата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот, додека пак фокусот се става на иновациите како и претприемништвото. Предавањата ќе бидат изведени од страна на вкупно 30 еминентни предавачи, професионалци и професори ширум светот.
Поддржувајќи ги младите и инвестирајќи во нивните квалитети и способности, Пивара Скопје и оваа година e посветен партнер на проектот за млади лидери на Претседателот Ѓорге Иванов.