Групацијата COCA-COLA HBC, чиј дел е и Пивара Скопје, по осми пат е рангирана како најодржлива компанија за пијалаци според Индексот на оддржливост Дау Џонс (Dow Jones Best-in-Class Indices) за 2024 година, задржувајќи го првото место. Ги задржа највисоките позиции на двете најважни светски ЕСГ ранг листи за одржливост.
Групацијата е во најдобрите 1% од вкупно 7690 анализирани компании во 67 категории. Напорите на компанијата во оваа област се високо оценети и од страна на CDP, глобална еколошка непрофитна организација која ѝ додели двоен „А“ рејтинг за 2024 година во двете категории – клима и вода.