Што преземаме во насока на одржливиот развој

Концептот на корпоративна одговорност и одржливост се неразделен дел од културата на Пивара Скопје, како дел од интернационалните групации Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

Во своето работење, Пивара Скопје се води од принципите на одржливост, со цел да ја зачуваме животната средина и ресурсите за идните генерации. Овие принципи се интегрирани во секој аспект од нашето делување и претставуваат клучен елемент на нашата деловна стратегија – стратегија што создава вредност не само за компанијата, туку и за вработените, потрошувачите, купувачите, партнерите и заедницата.

Одржливоста е темел на секој сегмент од нашето работење. Веруваме дека долгорочниот успех е можен само ако активно придонесуваме за справување со најголемите предизвици на денешницата и затоа вложување во области што ги идентификувавме како приоритети.  Кон овие области пристапуваме стратешки, со дефинирани цели за одржливост, на ниво на двете Групации, Coca-Cola HBC и HEINEKEN чиј дел е и Пивара Скопје.

Затоа сме целосно посветени на:

  • Рационално управување со ресурсите
  • Одговорно управување со отпад од пакување
  • Циркуларна економија
  • Намалување на CO2 емисиите на нула до 2040 година
  • Зголемување на фокусот за биодиверзитет
  • Управување со водни ресурси – секоја капка е важна
  • Поддршка на локалната заедница

Цврсто веруваме дека како компанија имаме одговорност да преземеме активна улога, да дадеме позитивен пример и да помогнеме во справување со овие предизвици, преку одржливи практики, иновации и партнерства.

Активности и заложби

Во Пивара Скопје вложуваме значителни ресурси, знаење и енергија во пронаоѓање и спроведување решенија за прашања што нѐ засегаат сите – и како поединци, и како општество.

Нашите заложби се насочени кон справување со некои од најгорливите глобални и локални предизвици, како што се:

  • употребата на пластика за еднократна употреба,
  • одговорно управување со отпад од пакување,
  • климатските промени и нивното ублажување,
  • здравјето, исхраната и благосостојбата на потрошувачите.

Цврсто веруваме дека секоја компанија има одговорност да преземе активна улога во решавањето на овие предизвици, преку одржливи практики, иновации и партнерства – на глобално и локално ниво.

Соработка за поголемо влијание

Свесни сме дека најголемите општествени и еколошки предизвици не можат да се решат самостојно. Затоа, Пивара Скопје активно се стреми да ги обедини своите капацитети со оние на други компании, институции и организации, верувајќи дека само преку заедничка акција можеме да создадеме поголемо и долгорочно одржливо влијание.

Цели за одржлив развој до 2025 година

Како дел од Coca-Cola HBC Групацијата, Пивара Скопје ги следи целите за одржливо работење поставени во 2018 година, со јасен фокус на нивно исполнување до 2025 година.

Овие цели опфаќаат 17 конкретни заложби, структурирани во рамките на шест клучни области низ целиот синџир на вредности – од намалување на емисиите на јаглерод диоксид, преку одговорно управување со ресурси, до грижа за заедницата и луѓето со кои и за кои работиме.