Една од главните стратешки заложби на Пивара Скопје е давањето помош на оние на кои им е најпотребна. Таа заложба се потврдува и преку долгогодишното партнерство со Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на Град Скопје и поддршката за СОС Детско село
Повеќе од една деценија Пивара Скопје е дел од приказната на СОС Детско село. Волонтерските активности во кои нашите вработени секоја година го вложуваат своето време и срце го надминуваат значењето на финансиската поддршка и создаваат врска, доверба и чувство дека најранливите имаат заедница околу нив која вистински се грижи.
Дел сме од хуманитарни акции, покажуваме солидарност преку донации во кризи и елементарни непогоди, ги вклучуваме младите од СОС Детско село во бесплатната обука „Вештини за успех“, програма која ги подготвува за самостоен живот, затоа што ја разбираме силата на заедништвото.