Ние и заедницата

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – СОНЧЕВА ГОРА

Пивара Скопје е водечки стратешки партнер, од самите почетоци, на една од најголемите национални еколошки иницијативи, GENERALKA WEEKEND. Во партнерството со Man & Mountain ја презедовме улогата на иницијатор на волонтерски активности, логистичка и финансиска поддршка на акциите и носители на визијата за промена на навиките преку личен пример и едукација.

Нашата стратегија за одржлив развој вклучува грижа за зачувување на животната средина и намалување на CO2 емисии во атмосферата, паметно користење на ресурсите и инвестирање во луѓето и заедницата. Токму затоа 4 години успешно реализиравме GENERALKA WEEKEND акции во кои учествуваа над 100 000 волонтери и беа собрани над 1,5 милион килограми тони отпад. За секои 10 килограми отпад беше засадено по едно дрвце во рамки на поврзаната акција Сончeва гора, што резултираше со засадени над 125 000 дрвја.

Овие резултати за нас не се само статистика, тие ја покажуваат комбинацијата од визија, посветеност и волонтерска акција, која не води како партнер на заедницата и како тим кој ги живее вредностите на својот бренд и својата компанија.

Иницијативата GENERALKA WEEKEND е избрана за најдобра општествено одговорна практика за 2023 година во категоријата „Однос кон животната средина кај големи претпријатија“ од страна на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност.

Поврзани вести