Пивара Скопје е еден од основачите на Пакомак и клучен партнер во градењето на навики за селекција и рециклажа. Заедно ја развиваме најголемата мрежа на вендинг-машини за собирање пластика и лименки. Не движи идејата дека треба да создадеме систем што ги прави одржливите избори полесни, побрзи и достапни за секого. Веќе се поставени машини за собирање на амбалажа на 85 локации низ земјата, а над 50 000 граѓани ја користат апликацијата Екомак за собирање „зелени поени“ за секое правилно селектирано пакување.
Во ова партнерство Пивара Скопје внесува и иновација. Во 2023 воведовме прицврстени капачиња на пластичната амбалажа на целото портфолио на безалкохолни пијалаци со цел капачето и шишето да можат да се рециклираат заедно. Решението е усогласено со европските стандарди, не го менува корисничкото искуство, но влијае врз намалување на отпадот. Со Пакомак имаме иста мисија, почиста животна средина, помалку отпад и систем што ја движи земјата кон вистинска циркуларна економија.