Пивара Скопје повеќе од четири децении негува долготрајно и искрено партнерство со Ракометната Федерација на Македонија. Над 40 години посветено го поддржуваме спортот што нé обединува во моменти на најголема национална радост. Сите овие години брендот Скопско не е само спонзор туку и верен соиграч, стоејќи покрај репрезентацијата, инспирирајќи ги навивачите и создавајќи чувство за заедништво и гордост.
За нас ова партнерство е повеќе од логото на дресот, тоа е потсетник дека Пивара Скопје ги живее вредностите на тимската работа, страста, посветеноста и поддршката на најдобрите таленти од нашата земја.