„Наша гордост, наша одговорност“ е долгорочната платформа на Скопско што го слави она што ни е највредно – природата и автентичниот дух на нашата земја. Со години наназад, преку реални општествено одговорни активности и партнерства вложуваме таму каде што можеме да направиме позитивна промена.
Во 2023 година, кампањата „Заедно за чисто Охридско Езеро“ обедини илјадници љубители на природата. Од секое продадено стаклено шише од 0,5 л Скопско и Скопско Smooth беше издвоен по еден денар, кој потоа беше вложен во чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и во поставување пловни препреки на реките Сатеска и Далјан, едни од најголемите носители на отпад во езерото.
Во 2024 година, продолживме со силни акции за заштита на овој бисер. Во јуни над 170 волонтери и нуркачи собраа 120 кубни метри отпад. Во октомври, партнерството со нуркачкиот клуб „Амфора“, резултираше со отстранување 3.800 метри напуштени рибарски мрежи т.н. мрежи духови што сериозно го нарушуваат езерскиот екосистем. Со нивното отстранување се обновуваат местата каде што природно се мрестат пастрмките и се поддржува враќањето на ендемските видови во езерото.
Скопско во рамки на платформата донираше и машини за селекција на пластична амбалажа и ја воведе активноста „Поен за тебе, поен за природата“. Секој што селектира амбалажа и ја користи апликацијата „Екомак“ собира „зелени поени“ и активно придонесува кон почиста околина.
Во 2025 година приказната продолжи со фокус на планините и нивната убавина. Волонтерите организираа еко акции, а инвестицијата беше реализирана на Шар Планина каде, во партнерство со Националниот Парк, беа поставени нови информативни еко-табли, маси и клупи на најпосетените локации.
Платформата „Наша гордост. Наша одговорност“ има јасна мисија: да ја покаже моќта на заедничката акција и да ги охрабри граѓаните сами да бидат двигатели на промена.