Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
„Под поимот Пиварец подразбирам искрен човек кој има самопочит и почит кон другите, добра соработка и комуникација со сите, кој е посветен на својата работа, несебичен, издржлив и има верба во себе“ – вели Катерина Лашкова, книговодител во Пивара Скопје за основни средства, инвентар и резервни делови. Таа во компанијата е вработена 35 години и за себе вели дека е среќна што животниот сон и е остварен. Запознајте уште една колешка од бордот вистински Пиварци!
Мојата приказна во Пивара Скопје започна пред 35 години, кога работев како Оператор во Точилница на пиво. Тоа траеше навистина кратко, 6 месеци, но за тој период сепак стекнав големо искуство кое ми овозможи да согледам нови вредности во работата.
Низ годините што минаа бев распределена на повеќе позиции во секторот за Финансии.
Неколку години работев како референт на личен доход, потоа како салдо контиста, а од почетокот на 2003 година до денес сум книговодител за основни средства, инвентар и резервни делови. За книговодител, доста динамична, а воедно интересна работа која со себе носи навистина голема одговорност. Дел од моите обврски се и ажурирање фактури и основни средства, следење на старосна структура на инвестиции во тек; анализа на конто за домашни и странски добавувачи, усогласување на книговодствена евиденција по извршен месечен и годишен попис и уште многу други..
Мојот сон е остварен. Со гордост можам да кажам дека се чувствувам како вистински Пиварец. Секако доказ се и годините поминати во оваа компанија. Под поимот Пиварец подразбирам искрен човек кој има самопочит и почит кон другите, добра соработка и комуникација со сите, кој е посветен на својата работа, несебичен, издржлив и има верба во себе.
Сметам дека најголем предизвик за нашиот сектор како Финансии е успешно завршена месечна/годишна пресметка, успешно завршен попис, како и бизнис план.
Под успешно мислам на резултатите кои на крајот на денот треба да бидат позитивни.
Мојот тим се состои од вкупно 6 членови.
Пивара Скопје како компанија води грижа за вработените, постојано инвестира во развојот на луѓето и притоа знае да ја препознае квалитетната работа. Благодарение на добрата организираност на менаџерскиот тим постојано се поттикнуваат вработените преку разни награди, признанија и индивидуални вреднувања.
Привилегија и задоволство е да се работи со успешен и и професионален тим како нашиот, каде што владее добра комуникација и позитивен пристап, како со најблиските колеги од секторот така и со останатите сектори. Учиме едни од други и имаме заедничка поддршка. Поголемиот дел од добро завршената работа се должи на добрата комуникација.
Тоа е учеството во проектот за имплементација на SAP системот во 2014 година како Key user за Fixed Asset Accounting. Комплексен проект, кој овозможи стекнување на нови знаења и вештини на сите кои беа вклучени во проектот.
И покрај сите обврски успеваме со колегите да се собереме, а секако тука не заостанува и дружбата со колегите кои се веќе во пензија. Во поново време почнавме да организираме и неформални дружби. со колегите.
Времето кое ми преостанува настојувам да го поминам со семејството и пријателите. Како љубител на природата често одам на планина, возам велосипед и пешачам. Среќна сум.