Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Вработените во Пивара Скопје го добија годишното признание за волонтеризам од Црвениот Крст на Град Скопје. Во изминатата 2016 година, вработените во Пивара Скопје покажаа подготвеност и желба да помогнат во низа активности кои компанијата ги реализираше на полето на општествената одговорност, вклучувајќи; учество во акцијата на Црвениот Крст за олеснување на последиците од големите поплави кои во август годинава го погодија Скопје, предавања во проектот за едукација на деца за Здравје и Безбедност во училиштата, менторски ангажман во проектот “Вештини за успех”, еко-акцијата за чистење на кејот на Вардар и други.
Ова признание е вистинска потврда за волонтерскиот ангажман на вработените во Пивара Скопје, но истовремено претставува мотив повеќе за сите во компанијата и во иднина да го негуваат волонтерскиот дух и обврска секогаш да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна.