1922-41

1922

02 септември,Се формира „Парна Пивара АД“, првата голема пиварница на овие простори.

Визионерите

Основачи се двајца Чеси, инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник. Изградбата на фабриката започнува во 1922 на земјиште од 32.347 м2, покрај железничката линија Скопје – Ниш, два километра источно од Скопје.

Зошто Скопје?

Одлуката за инвестиција во Скопје е донесена затоа што јужно од Јагодина немало ниту една пиварница. Локацијата е внимателно избрана – во близина на железничката пруга и плодни полиња со јачмен и пченица, една од клучните состојки за производство на пиво.

1924

Пиварницата е пуштена во употреба. Се точи првата чаша пиво по стар чешки рецепт, со посебен вкус добиен од локалната бунарска вода на Скопје, пиво кое подоцна генерација по генерација, до ден денес, ќе го препознава едноставно како – СКОПСКО.

Во периодот пред војната, пиварницата годишно произведувала:

  • 35.000 хектолитри пиво
  • 720 тони слад за пиво
  • 1.500 тони мраз.

1925

„Парна Пивара АД“ добива дозвола за снабдување на целиот јужен регион на тогашната држава, по што компанијата наскоро ќе ги отвори своите магацини и ледени куќи во Куманово, Прилеп, Битола, Струмица и Косовска Митровица.

Неколку интересни податоци од почетоците

Административните и производствените капацитети на Пиварницата до 1941 година биле сместени на 5.919 м2. Тие опфаќале главна фабричка зграда, одделение за слад, мелничко одделение, варилници за варење на пивото, одделение за ладење на пивото, одделение за ферментација и одделение за одлежување на готовото пиво, одделение за миење, полнење и за пастеризирање на пивото, заедно со четирите одделенија: за киснење на бурињата, за миење на бурињата, за смолење на бурињата и за полнење на бурињата со пиво и за производство на мраз, како и одделенијата за машинско и техничко одржување.

Пред војната, работниот ден во Пиварницата траел осум часа. Бидејќи пивото најмногу се пиело во лето – од 1-ви април до 30-ти септември – се работело секој ден. Во есен и зима, работата се сведувала на три дена неделно. Но, во последните три години пред војната, побарувачката пораснала, па се работело секој ден во текот на целата година.

1941-45

1942

Војната не влијаела врз работата на претпријатието – напротив, тогаш производството растело, а добивките биле поголеми. Причината? Војниците пиеле многу пиво. Пиварницата работела со полн капацитет, а во 1942 година производството и продажбата достигнале рекордни 33.931,30 хектолитри.

Војната не му донела никаква загуба на претпријатието. Напротив во тој период производството растело и претпријатието остварувало поголеми добивки. Тоа се должело на присуството на војниците кои консумирале многу пивото. Пиварницата работела со максимален капацитет за производство на пиво и во 1942 година производството и продажбата на пивото достигнале рекордни 33.931.30 хектолитри.

Поради големата потрошувачка на пиво се зголемува и бројот на вработени и во производство и во администрацијата на Пивара Скопје.

1945-77

1945

27 јануари, Со одлука на Државната управа за народни имоти во Скопје, Индустриското друштво за производство на пиво, слад и мраз, кое дотогаш било акционерско друштво, било прогласено за државно друштво, во согласност со повоениот поредок на социјалистичката држава.

По ослободувањето, настапила нова ера во работата на Пивара Скопје Започнал периодот во кој се планирало проширување и модернизирање на претпријатието. Во првата повоена година се произведувале 20.428 хектолитри пиво што било за 12% помалку од највисокото производство пред војната.

1947

06 мај, Со одлука на Претседателството на Народна Република Македонија ќе се регистрира фирмата Парна Пивара – Скопје, и ова име ќе остане во наредните три децении.

1947

На предлог на Претседателството на НР Македонија, Парна Пивара – Скопје се вбројува меѓу друштвата од најголемо значење за државата.

1951

Направена е првата реконструкција на Пивара Скопје со примена на техничко- технолошки иновации. Тоа овозможило зголемување на капацитетите за производство на 50.000 хектолитри. Во 1958, 1963, 1969 и 1974 година следувале уште четири големи инвестиции во производството кои значајно го зголемиле капацитетот на Пивара Скопје.

1967-69

Излегува „Пиварски збор“, интерно списание наменето за информирање и едукација на вработените во Пивара Скопје, но и средство за директна комуникација со потрошувачите. Приказни, новости и вести за Пивара – сè на едно место

1977

Покрај неколку видови пиво и пивски слад, Пивара Скопје започнува со производство и дистрибуција на широк асортиман на безалкохолни пијалоци, меѓу кои: „Кола“, „Битер-лемон“, „Тоник“, „Оранж“, „Манго“ и „Сода вода“.

1977-00

1978

Пивара Скопје го добива првото меѓународно признание – сребрен медал за квалитет за пивото СКОПСКО, доделено од Меѓународниот институт за квалитет Monde Selection од Брисел. Во 1981 година СКОПСКО го освојува златниот медал.

1982

Палетата на производство на компанијата се проширува со квалитетен црвен вински оцет, јаболков оцет и бел дестилиран оцет, кои долги години ќе бидат значаен дел од трпезите , освојувајќи бројни меѓународни награди за квалитет од страна на Меѓународниот институт за квалитет Monde Selection.

1985

Направена е нова инвестиција за унапредување на производствениот капацитет, со што производството се зголемува на рекордни 1.000.000 хектолитри годишно.

1989

Започнува иницијалната фаза од процесот на приватизација на Пивара Скопје, со пренос на сопственоста во делот на дистрибуцијата и камионите за превоз. Во втората фаза, трансформирани се дистрибутивните центри. Овој сложен процес успешно завршува во 1995 година.

1991

Пивара Скопје станува производител на пијалаците на The Coca-Cola Company во својство на овластенa полнилница.

1993

На пазарот се појавува ‘Стар лисец’ – нов бренд пиво што нуди поинакво доживување. Силен, темен и со карактер, брзо ги освојува добрите познавачи на пивото.

1998

Пивара Скопје станува дел од големото семејство Heineken. Со ова заедничко вложување, HEINEKEN и Coca Cola HBC стануваат сопственици мнозинство акции на Пивара Скопје.

2000-16

2003

Пивара Скопје создава нов пивски бренд „Горско“, придружен со пораката „твое пиво – твој начин“. Меѓу пошироката популација ќе стане познато како едно од омилените „работнички пива“.

19 мај 2003,ќе биде запаметен во историјата на Компанијата како датум на кој биле пуштени нови супер-модерни постројки за производство на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, во кои биле инвестирани 55 милиони долари. Со ова, Пивара Скопје го зголемува производството на своите пивски брендови СКОПСКО и Горско и на безалкохолните пијалаци од палетата на Coca-Cola за дополнителни 100 милиони хектолитри пијалаци.

2009

Пивара Скопје добива големо признание од The Coca-Cola Company – прогласена е за производител на најдобрата Coca-Cola во светот! Истото признание го освојува и во 2013 година, потврдувајќи го врвниот квалитет и посветеност. Со тоа, Пивара се вбројува меѓу ретките компании во светот што се закитиле со ова престижно признание.

2011

Во употреба се пушта првата иновативна Станица за биотретман на отпадни води во Македонија, инвестиција вредна речиси 3 милиони евра сопствени средства на компанијата. Станицата придонесува за унапредување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија.

2017-21

2017

Инвестиција од 1,4 милиони евра во новата опрема за полнење отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје и зголемување на производствените капацитети до милион шишиња за едно деноноќие.

2021

Во пресрет на големиот јубилеј – 100 години постоење, Пивара Скопје вложува во подобри услови за своите вработени. Тимот се сели во нови, модерни канцеларии!

Во изминатата декада, Пивара Скопје постојано расте и се подобрува – во производството, во квалитетот, во иновациите - секогаш чекор напред проширувајќи го портфолиото со брендови препознатливи по висок стандард и квалитет.

Во Пивара Скопје одбележуваме четврт век континуирани највисоки признанија на Monde Selection за квалитетот на СКОПСКО, највисоки признанија за најдобар индекс на квалитет за Coca-Cola, иновации на портфолиото преку збогатување со нови брендови, вкусови и пакувања.

2022

Во чест на големиот јубилеј, заедно со своите вработени, Пивара Скопје одбележува нови инвестиции од 10,7 милиони евра во современа опрема и најнова технологија кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за произвдство на безалкохолни пијалаци. Со овие вложувања се модернизира работењето и се поддржува долгорочниот одржлив развој на компанијата.

Се отвора и интерактивен „Искусен центар“, каде што посетителите “патуваат“ низ 100-годишната историја на Пивара, може да ја доживеат магијата на правење пиво и да уживаат во приказната зад секоја чаша. Во Центарот се изложени уметнички слики од домашни автори – дел од националното културно богатство.

Пивара Скопје и понатаму остануваа посветена на одржувањето на највисоките позиции на нашите брендови на домашниот пазар.

2023-25

2023

Пивара Скопје го проширува своето портфолио со премиум жестоки алкохолни пијалаци станува дистрибутер на The Edrington Group (Macallan, Highland park, Brugal).

2024

Пивара Скопје ја презема дистрибуцијата и започна со продажба на вотката Finlandia во февруари 2024-та година, а од март, дел од портфолиото на Пивара Скопје се и производите на втората најголема компанија за жестоки пијалаци во светот

2025

Портфолиото во 2025 година се збогатува и со премиум ракијата Zlatna Rakija и италијанското премиум кафе Caffè Vergnano, со што Пивара Скопје ја зацврстува својата позиција како 24/7 партнер за пијалаци – нудејќи производи за секој дел од денот и за секоја прилика.

Посветеност кон заедницата и животната средина

Пивара Скопје, преку брендот СКОПСКО ја креира платформата „Наша гордост, наша одговорност“, со цел да се зачуваат природните убавини на Македонија. Активностите започнаа со чистење на Охридското Езеро, а продолжуваат со иницијативи во националните паркови.

Компанијата е главен поддржувач на „Генералка Викенд“, најголемата еко-акција за собирање отпад, како и на иницијативата за садење дрвја „Сончева гора“. Вработените се меѓу најбројните волонтери, покажувајќи ја вистинската посветеност на компанијата кон одржлив развој.

Како еден од основачите на Пакомак, Пивара активно учествува во иницијативи за селектирање отпад преку вендинг машини, каде потрошувачите добиваат „зелени поени“ за секое рециклирано пластично шише или лименка.

Преку брендот РОСА, Пивара ја поддржува платформата која се фокусира на поддршка на родителството и раниот детски развој. Во рамки на оваа платформа постојано се организираат едукативни активности и се гради заедница што се грижи за најмладите и нивната иднина.

Со континуирано проширување на портфолиото и силна посветеност кон општествената одговорност, Пивара Скопје покажува дека е повеќе од производител на пијалаци – таа е партнер на заедницата, двигател на позитивни промени и компанија што гради подобра иднина за сите. Овие иницијативи се доказ дека успехот се мери не само во бројки, туку и во влијанието што се создава – за луѓето, за природата и за идните генерации.