Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Во спортскиот центар „Идризово“ се засадени 150 садници – донација од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени.
„Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца, верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри услови – мора и да ги создадеме. Токму тоа и го направивме овде, за иднината на нашите деца. Благодарни сме на Општина Гази Баба за отвореноста и поддршката. Ова не е само еднократна акција, туку пример за посветено партнерство и доказ дека заедно можеме многу повеќе,“ изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го нагласи значењето на соработката меѓу локалната заедница и компаниите: „Ваквите иницијативи се пример како јавниот и приватниот сектор можат да работат рамо до рамо за иднината на општината и да придонесат за подобар квалитет на живот и развој на здрави навики кај младите генерации.“
Оваа акција не е само симболична – таа е дел од пошироката стратегија на Пивара Скопје за поддршка на заедницата и заштита на животната средина.