Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Brugal се произведува единствено во Домениканската Република, а во производствениот процес се употребуваат изворни состојки од таа земја како вода, шеќерна трска и др. Најпродаваниот рум на Карибите, популарниот и високо квалитететен Brugal 1888 е домашен рум кој доаѓа од познатата домениканска дестилерија Brugal. На пазарот за прв пат е претставен во 2011 година, откако дестилеријата е преземена од страна на The Edrington Group. Настанат е врз основа на искуство од пет генерации долго дури 130 години, и набрзо станува мајсторски производ без кој денес не можат ни да се замислат некои коктели, посебно Old Fashioned и Manhattan. Brugal 1888 созрева двојно, прво во американски бурбон буриња, а потоа дополнително во дабови шери буриња со потекло од Шпанија, како би се додала арома на сушено овошје и лесна слаткост на вкусот. Она што го прави посебен не е само дизајнот на шишето, туку и вкусот кој донекаде потсетува на виски.