Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
The Famous Grouse е блендед скоч виски кое потекнува од Першир –Шкотска, земјата на скочот, домот на тетребот и родното место на овој најпродаван бленд повеќе од 40 години. Овој бленд за прв пат е направен од страна на Метју Глог во 1896 година во продавницата за жестоки пијалaци и вино “Mattew Gloag & Son”. За разлика од многу други производители во тој период кои го ставале своето презиме како име на брендот, Метју се одлучува да го нарече “The Grouse” по националната птица и гордост на Шкотска – тетребот.